Двајца од лидерите на движењето ,,За заедничка Македонија”, оперскиот пејач Игор Дурловски и новинарот Богдан Илиевски (познат како Бетмен Велит) на Илинден повторно го уривале Уставниот поредок.
Двајцата според објавено видео ја пееле химната додека распалувале оган за скара.
,,Потпалувачки особи. Чист тероризам.
Честит Илинден, Македонијо”, напиша Илиевски во коментарот на видеото.
Двајцата беа клучните предводници и организатори на масовните протести во почетокот на 2017 година. Овие протести се одвиваа под покровителство на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Протестите беа насочени против т.н. „Тиранска платформа“ и изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.
Движењето организираше секојдневни маршеви во Скопје и други градови кои траеја повеќе од 60 дена.
Протестите кулминираа со насилните настани и упадот во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година.
По настаните од 27 април, двајцата беа приведени и обвинети за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
Игор Дурловски одби да побара амнестија со цел да ја докаже својата невиност на суд. Во март 2019 година, со пресуда на Основниот кривичен суд Скопје, тој беше целосно ослободен од обвинението. Подоцна влезе во политиката како пратеник поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, позиција од која се повлече во 2020 година.
Текстот е иронично потсетување дека во Македонија во времето на СДСМ и ДУИ луѓе беа судени за тероризам само за тоа што пееја македонски песни.