Македонија

Свечено потпишување договори за изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир

Инвестицискиот грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договори за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска ќе присуствуваат на свеченото потпишување договори за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, која е дел од источниот крак на Коридорот 8.

Како што соопшти владината прес-служба, потпишувањето на Договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договори за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе се одржи во Свечената сала на Владата.

Средствата се наменети за реализација на проектот за изградба на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, како дел од источниот крак на Коридорот 8 (Фаза 3).
МИА

Најнови вести од: Македонија

Бугарија бара „гарантирање на правата на Бугарите во Македонија“, а Македонците за неа таму „не постојат“ и немаат никакви права!

Бугарија категорично не учествува во никакви консултации за преговарање на обврските преземени од Република Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Ова го изјави министерката за надворешни работи Велислава Петрова за време на денешната парламентарна контрола во бугарското Народно собрание, објавија бугарските медиуми.

ЕСМ: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

ЕСМ Снабдување со топлина упати последен апел до граѓаните на Скопје приклучени на системот за централно греење навремено да ги завршат сите неопходни подготовки за претстојната грејна сезона

To top