Македонија

Опозицијата сака отворање нови рудници, ама да не биле со Западен капитал

Темата за рударството се актуализираше откако преку Стратешкиот дијалог со САД беа обезбедени средства за геолошки истражувања за антимон кај Крива Паланка. Од СДСМ иако велат дека не се против рудници, изразија незадоволство за проектот за антимон и побараа граѓанско изјаснување. Каја Шукова од СДСМ во телевизиско гостување во „Топ тема“ неодамна истакна дека како поранешна министерка за животна средина таа генерално никогаш не била против рудниците, но исто како и пратениците од Левица и Шукова сподели грижа околу работата на инспекциските служби.

Партијата која во јавноста важеше за најжесток критичар на инвестициите во рударството, сепак не била против отворање на нови рудници. Според она што можеше да се заклучи од комисиската расправа во Собранието за измените во Законот за минерални суровини, проблем на Левица бил западниот странски капитал. Оваа опозициска партија во повеќе наврати во своите кампањи ги критикуваше најавите за инвестиции, етикетирајќи ги како „рудници на смртта“ и големи загадувачи. Но, од Левица не гледаат проблем за развој на оваа индустриска гранка доколку рудниците биле во државна сопственост, по примерот на Кина.

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил вели дека тие не се против експлоатација, туку рудниците требало да бидат во државна сопственост и како што додава, „истите не смеат да бидат во приватни раце, особено не смеат да бидат во компании со потекло од Соединетите Американски Држави“. Кинескиот модел го бранеше пратеникот Борислав Крмов.

– Вашиот план за отворање рудници во Македонија, посебно во југоистокот, не е план за развиток на Република Македонија по примерот на Народна Република Кина. Да е така, вие прво ќе отпочнете процедура за национализација на постоечките рудници…. – истакна Крмов.

Реплицираше пратеникот Малиша Станковиќ од Социјалистичката партија кој одговори дека конечно се дознале мотивите на Левица за обидот за блокирање на законските измени.

– До сега зборувавте каква еколошка катастрофа ќе настане, за сега да кажете дека вие всушност сте за рудници, ама не сте за тоа рудниците да бидат во сопственост или да бидат експлоатирани од страна на САД. Тоа се две различни тези. Значи, вие сте за рудници или не сте? Вие сте значи за тоа кој ќе ги управува рудниците, зашто до пред малку тезата ви беше дека ќе се загадувало… Дојдовме конечно до суштината, дека вие не спорите со законот за тоа зошто ќе се отвораат рудници и еколошки дека ќе се загадело, не ве интересира вас… не знам… загадување на вода, на почва и оние манипулации дека таму ќе имало не знам колку заболувања… Вас ве интересира државното уредување, вие имате спор со државното уредување, дека при вакво државно уредување не треба да има рудници – нагласи пратеникот од мнозинството Станковиќ.

Темата за рударството се актуализираше откако преку Стратешкиот дијалог со САД беа обезбедени средства за геолошки истражувања за антимон кај Крива Паланка. Од СДСМ иако велат дека не се против рудници, изразија незадоволство за проектот за антимон и побараа граѓанско изјаснување. Каја Шукова од СДСМ во телевизиско гостување во „Топ тема“ неодамна истакна дека како поранешна министерка за животна средина таа генерално никогаш не била против рудниците, но исто како и пратениците од Левица и Шукова сподели грижа околу работата на инспекциските служби.

– Недовербата кон институциите коишто треба да прават контрола, особено во делот на животната средина, е она што им прави недоверба на граѓаните кога започнува еден ваков процес. Инаку, факт е дека рударството може да придонесе како економска гранка за развој на одредени средини, особено на помалите средини – потенцира Шукова.

Наспроти нејзината изјава дека генерално не била против рудниците како министерка, токму Шукова беше една од предводниците на протест против отворање на рудник во Иловица. Нејзиниот нов став е во целосна спротивност со изјавите кои таа ги даваше во 2023 година.

– Јас сум исто така против нови рудници во државата. Сметам дека особено тој земјоделски крај, кадешто треба да се развива земјоделието и каде државата ги поддржува земјоделците, мислам дека тоа треба да ни биде приоритет, тоа е мој личен став. Јас ќе се придружам утре, ќе бидам во Струмица – изјави Шукова на 14.07.2023, како што пренесе Радио Слободна Европа.

Пред нападите на најавата за истражувања на антимон со американски пари, претходно мета на напади беше токму инвестицијата за рудник за бакар во Иловица, зад која исто така стои западен капитал. Оваа инвестиција на југоистокот на земјата низ годините се соочуваше со низа пречки, па дури и во периодот кога токму Шукова беше министерка за животна средина. Геолошките истражувања во овој предел покажаа присуство на над 700.000 тони руда, а инвеститорот тогаш најави инвестиција од 350 милиони евра, повеќе од 3.000 директни и индиректни вработувања и заживување на локалната економија бидејќи според проектот, околу 25 милиони евра годишно би се слевале во државниот и општинските буџети од концесии и даноци, а 78 милиони евра годишно би завршувале кај локалните компании како добавувачи на рудникот.

Рудите се во центарот на геополитичката дебата откако и САД и Европската Унија креираа свои листи на критични минерали, со цел да не бидат зависни од увоз од земји како Кина и Русија и темата ја поставија како прашање за национална безбедност. Меѓу рудите по кои најмногу се трага се бакарот, антимонот, никелот, литиумот и други, кои се потребни во одбранбената индустрија, за центрите за податоци на вештачката интелигенција, за електрични возила, електропреносната мрежа, ветерниците…

Најнови вести од: Македонија

Деца под 13 години користеле фејсбук и инстаграм, ЕК најавува построги мерки

Европската комисија соопшти дека технолошката компанија „Мета“ ги прекршила правилата на Европската унија бидејќи не успеала ефикасно да спречи деца помлади од 13 години да користат профили на Фејсбук и Инстаграм. Станува збор за прелиминарни наоди од истрага што траела речиси две години, во рамки на европските напори за посилна заштита на малолетниците на интернет.

(Видео): 3,3 милијарди евра во наредните 5 години за сериозни капитални проекти

Вкупната вредност во моментот е 3,3 милијарди евра за следните 5 години. Ова е сериозна бројка, повеќето се проекти поврзани со градежништвото, над 600 милиони евра годишно. Ќе треба да се организираме и мобилизираме да можеме да ги реализираме овие проекти. Како Влада, ќе сториме сè за да обезбедиме финансирање, а делот на реализација што треба да го зголеми БДП не зависи само од Владата, туку и од проектниот менаџмент на изведувачите – рече Мицкоски.

Сиљановска-Давкова: Ние сме дел од Европа и таму ни е местото, но бараме третман како и за сите, за да се концентрираме на реформи, а не на ирационални прашања!

Швајцарија не е членка на Европската Унија, но таа ги исполнува сите Копенхашки критериуми и има извонредна соработка со Европската Унија.

Креативен ден Битола 2026: Преполна сала, млади таленти и моден спектакл инспириран од филмот (ВИДЕО)

Во преполната сала на Домот на културата во Битола, вчера се одржа петтиот „Креативен ден 2026“ – настан кој уште еднаш потврди дека младите креативци, модата и образованието можат да создадат вистински спектакл.

Филков: Изгубената партија СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство и само на збор се залага за европска иднина!

Поради отсуството на СДСМ беше одложена четвртата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, процес од кој директно зависи кредибилитетот на изборите и довербата на граѓаните, изјави министерот за правда Игор Филков. „Ова е доказ дека нивните заложби за европска иднина се само декларативни, а реалноста е нешто сосема спротивно. – нагласи Филков.

Манасиевски: Изјавата на Земон дека „Делчев не е битен за македонскиот идентитет“ е потврда дека на СДС не им е гајле за Македонија, за македонскиот народ и идентитет! (Видео)

„Членот на ИО на Филипче и Заев, Рубин Земон тврди дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е битен за македонскиот идентитет. Ова не е личен став само на Филипче, туку е образец на СДС. Околу ова СДС постојано тежнее: кон релативизација на македонскиот идентитет, отстапки без гаранции и целосна рамнодушност кон она, за што генерации Македонци се бореле и се жртвувале. По ова јасно се гледа дека на СДС воопшто не им е гајле ниту за Македонија, ниту за македонскиот идентитет, ниту за македонскиот народ.“ – истакнува Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ, изнесувајќи ја острата реакција на оваа партија по контроверзната изјава на Рубин Земон во разговор со бугарскиот новинар Атанас Величков, професорот Иван Динев Иванов и водителот на потпоткастот „Коридор 8“ Георги Станков.

To top