Почетокот на првата официјална посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белград поминува во срдечна атмосфера, што може да се види и од фотографиите што ги сподели неговиот српски колега и домаќин Александар Вучиќ.
„Задоволен сум што имам можност да го нагостам претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој е во прва официјална посета на Србија, со убедување дека оваа посета ќе придонесе за понатамошен развој на односите меѓу Србија и Украина и на соработката во областите од заеднички интерес“, напиша Вучиќ на Инстаграм, додавајќи: „Му посакав добредојде во Белград, а вечерата беше можност да се отвори разговор за теми што ќе бидат во фокусот на официјалните средби, особено европскиот пат на нашите земји, но и да се доближат гостите до духот на Србија, дел од традицијата на која сме горди“.