Не стивнува еуфоријата што ја зафати македонската заедница во Австралија по триумфот на фудбалерите на Престон лајонс во Докерти купот на државата Викторија со 3:1 против клубот на австралиските Грци, Хајделберг, во финалето во Мелбурн, а во славењето предничи навивачката група „Престон Македонија ултрас“.
Нивната изведба на „Бисер балкански“ од трибините на стадионот „Лејксајд“ (на линкот) во видеото на денот ја отсликува радоста на Македонците од петтиот континент од освојувањето на првиот куп-трофеј по 34 години во натпреварувањето што датира од далечната 1909 година.
Прославата потоа продолжи заедно со фудбалерите во просториите на најпопуларниот спортски колектив меѓу Македонците од Австралија и повторно ја зачини патриотската химна на Гоце Николовски (на линкот).