Македонија

Итна истрага по смртните закани и повици за насилство кон новинар

Во својата речиси 50 годишна кариера, Ерол Ризааов беше долгогодишен нвинар и еден од главните уредници на „Нова Македонија“, основач на „Утриски весник“ и моментално колумнист на „Независен“

По дректните закани по животот, повици за насилство и етнички засновани навреди биле упатени кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов преку коментари на неговата официјална Фејсбук-страница, ЗНМ побара итно постапување од институциите за спречување на насилство.

Во својата речиси 50 годишна кариера, Ерол Ризааов беше долгогодишен нвинар и еден од главните уредници на „Нова Македонија“, основач на „Утриски весник“ и моментално колумнист на „Незавиен“

Од АВМУ предупредија дека новинарите мора да можат слободно и непречено да ја вршат својата работа, без закани, заплашување и притисоци. Од Агенцијата укажуваат на сериозноста на коментарите објавени на официјалната Фејсбук-страница на новинарот и колумнист Ерол Ризаов, во кои има закани, повици за физичко насилство и навреди по етничка основа.

Според АВМУ, создавањето атмосфера во која заканите кон новинарите стануваат дел од јавниот простор може да има сериозни последици врз слободата на медиумите и слободата на изразување.

„Заканите за физичко насилство, повиците за нанесување повреди или одземање живот, како и ширењето омраза и навреди врз етничка основа, не се дел од легитимната јавна дебата и не смеат да се релативизираат или нормализираат“, порачуваат од АВМУ.

Реагираше и Партијата за Движење на Турците (ТХП) оцени дека заканите, говорот на омраза и етнички мотивираните навреди претставуваат удар врз слободата на изразување и демократските вредности и побара институциите брзо да ги идентификуваат и санкционираат одговорните.

 

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top