Хроника

„Закочен“ пиштол спречи крвна одмазда стара 15 години (ВИДЕО)

Го повлекол чкрапецот, но оружјето „откажало“

52-годишен маж, се обидел да застрела сограѓанин во албанскиот град Елбасан. Но, случајот добил драматичен пресврт во моментот кога пиштолот „откажал“ , по што нападнатиот успеал да побегне.

Целиот настан бил снимен од безбедносните камери во објектот, објавуваат албански медиуми. 

Според информациите на албанската полиција, осомничениот Поли Боричи седел во кафулето со сопругата. Кога 50-годишниот Ермир Кертези, познат и како Битоци, излегол на терасата за да разговара на телефон, Боричи тргнал по него.

Тој извадил пиштол од чантата и му го вперил во главата. Го повлекол чкрапецот, но оружјето „откажало“.

Откако пиштолот не испукал Кертези веднаш му ја турнал раката и почнал да бега. Осомничениот накратко го бркал по улицата, а потоа побегнал.

Полицијата ја активирала акцијата „Реакција“ и по неколку часа го уапсила 52-годишниот Боричи. Кај него бил пронајден и пиштолот.

Според неговата верзија, зад обидот за убиство стои крвна одмазда – тврдел дека Кертези пред 15 години тешко го ранил неговиот брат и го оставил неподвижен.

Кертези, пак, дал поинаква верзија во исказот. Тој тврди дека односите меѓу семејствата одамна биле нормализирани и дека со години живееле во исто маало без конфликти.

 

 

Најнови вести од: Хроника

Од Македонија преку Бугарија до Грција: 324 килограми марихуана сокриени во хартија, осомничениот е во притвор

Македонскиот јавен обвинител проценил дека осомничениот може да избега доколку се брани од слобода, да влијае врз соучесници и сведоци или да го повтори кривичното дело. Поради тоа, до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје бил доставен предлог за притвор. Судијата го прифатил предлогот и му определил 30 дена притвор. 

To top