Македонија

Македонската и албанската полиција ќе ловат пиромани по шумите

Заеднички патроли за превенција од шумски пожари

Полициски службеници од СВР Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Св. Наум“ остварија работна средба со колегите од полициската станица во Поградец, при Министерството за внатрешни работи на Албанија, со цел унапредување на прекуграничната соработка во превенцијата од шумски пожари.

На средбата биле договорени координирани превентивни безбедносни мерки за подигнување на јавната свест за заштита на шумите и спречување на пожари на отворен простор.

Во рамки на договорените активности, во текот на летната туристичка сезона ќе се реализираат заеднички полициски патроли низ шумските појаси долж граничниот и пограничниот појас, а ќе бидат интензивирани и контактите за размена на информации за потенцијални ризици.

Договорено е и воспоставување директни канали за комуникација меѓу двете полициски служби, со цел побрза размена на информации и навремено известување при евентуална појава на шумски пожари, што треба да овозможи побрза реакција на надлежните служби за нивно локализирање и гаснење.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

To top