Македонија

Денеска детални резултати за прскањето против комарци

Не може јасно да се воспостави директна врска меѓу бројот на случаи на западнонилска треска и бројот на прскања во општините

 

Резултатите од контролата на тоа што направиле општините во однос на прскањето против комарци ќе бидат сооптени денеска , информираше синоќа министерот за здравство Сашо Клековски.

Тој посочи дека во моментов особено е актуелно цело Повардарие, имајќи предвид дека дел од случаите на западнонилска треска во Грција се регистрирани подрачјето околу Солун и Вардар.

„ Во основа, ние завршивме со контролата на тоа што општините направиле во врска со прскањето. Резултатите, деталните резултати ќе ги соопштиме утре. На пример, во Град Скопје се направени 12 прскања, вкупно шест за возрасни форми на комарци и шест за ларви“, рече Клековски во Тема на денот на ТВ Сител.

Потенцира дека не може јасно да се воспостави директна врска меѓу бројот на случаи на западнонилска треска и бројот на прскања во општините.

Како позитивен пример ја посочи Општина Илинден, каде што се направени шест прскања од земја – три против возрасни комарци и три против ларви, при што со прскањето се почнало уште во април. За разлика од тоа, како што рече, во Студеничани нема направено дополнително општинско прскање, освен редовното што го спроведува Град Скопје.

Клековски посочи дека Скопско Поле е најниската зона во скопската котлина, со најмногу застоена вода, земјоделски површини и канали, што создава услови за зголемен ризик од комарци.

„Комарци има и покрај Вардар, а нема ниту еден случај во Центар или во Карпош. Поврзано е и со рутите на дивите птици кои се резервоар на вирусот. Во околу 250 видови птици го има вирусот“, рече Клековски.

Тој нагласи дека за спречување на ширењето се потребни комплексни мерки – граѓаните да применуваат лична заштита, здравствените власти да обезбедат рана дијагностика и третман, а општините да ја исполнат обврската за дезинсекција.

Клековски информираше дека, покрај редовните прскања, по индикации биле извршени уште три прскања – две во Драчево и едно во Гази Баба, односно во делови од Јурумлери, Стајковци и Сингелиќ.

Во моментов, како што посочи, заедно со општините и Град Скопје се детектираат местата со застоена вода, со цел да се спроведе пофокусирано прскање од земја.

Клековски нагласи дека првиот случај на западнонилска треска во земјава е регистриран во 2011 година, а досега се регистрирани 54 случаи. Посочи дека имало и случаи кај мали деца со воспаление на мозокот, додека најголем ризик од смртен исход има кај лицата над 60 години.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Денот на армијата: Да имаме уште многу поводи за прослава на славната македонска армија!

Триесет и четири години потоа, со сигурност тврдам дека македонската армија не е почетничка, туку високо организирана воена формација со професионален интегритет, оперативна кредибилност, висока интероперабилност со сојузничките сили, војничка дисциплина и стаменост, што резултира со највисока доверба кај граѓаните и заслужена почит од сојузниците

Леон Мерсовски – Македонец, муслиман, вмровец кој не гледа противречност меѓу овие работи

Не сум Македонец со фуснота. Не сум Македонец под услов. Не сум половина Македонец. Не сум должен да положам дополнителен испит за македонство затоа што сум роден и воспитан во исламска вероисповед.
Јас сум Македонец.
Точка.

To top