Македонија

Пратениците добиваат паркинг до зградата на Собранието

За уредување на просторот и изградба на паркингот ќе бидат потрошени околу 1,6 милиони евра

Пратениците во македонското Собрание наскоро ќе добијат уреден паркинг непосредно до собраниската зграда, а со што се очекува да се реши долгогодишниот проблем со паркирањето на нивните и на службените возила. Паркингот, чија изградба е во тек, се гради на просторот на кој што порано беше планирано да се гради катна гаража но која одлука потоа беше сменета за да се направи површински паркинг во сопственост на Собранието.

Претседателот на Собранието Африм Гаши во објавата на социјални мрежи наведе дека просторот добива уреден и функционален изглед.

„Одблиску го следев текот на градежните работи за уредување на просторот околу Собранието. Овој простор добива поуреден и пофункционален изглед, создавајќи подобри услови за паркирање и за секојдневните потреби на Собранието. Продолжуваме со конкретна работа и со внимание кон секој простор што придонесува за поефикасно функционирање на Собранието“,  објави Гаши.

За уредување на просторот и изградба на паркингот ќе бидат потрошени 101.951.456 денари (околу 1,6 милиони евра). Собранието  склучи договор за набавка на опрема и партерно уредување на безбедносна зона со фирмата „Стентон градба“ ДОО од село Долно Оризари, Битола. Договорот предвидува отстранување на постојниот асфалт, поставување на гранитни плочки, изградба на патеки и паркинг места, засадување на дрвја и поставување на урбана опрема и осветлување. Се планира и нова портирница и инсталирање на системот за влез и излез од паркингот.

Најнови вести од: Македонија

Мацинка: Членството на Македонија во ЕУ е приоритет за Република Чешка

Чешка е подготвена да придонесе во процесот за постигнување решение прифатливо за Скопје и за Софија, изјави денеска чешкиот министер за надворешни работи Петар Мацинка, кој се наоѓа во официјална посета на земјава

To top