Регион

Иран разгледувал напад врз воздухопловната база Безмер во Бугарија

Техеран подготвувал ескалација кон Европа во случај на нов воен конфликт, пишува „Фајненшел тајмс“

Иранската војска изготвила проценка за можен напад врз воената воздухопловна база Безмер во Бугарија, откриваат извори блиски до власта во Техеран за американскиот весник „Фајненшел тајмс“.

Бугарија е експлицитно спомената поради американските локации и инфраструктура што ги користи Пентагон. Изворите нагласуваат дека ова е само прелиминарна студија, а не одлука за напад.

Бугарската територија е во дострел на иранските балистички ракети со среден и долг дострел. Сепак, значаен дел од овој арсенал беше уништен во израелско-американските напади по 28 февруари.

За да стигнат до источниот сосед на Македонија, ракетите мора да летаат над земјите од НАТО. На ова растојание се јавуваат сериозни проблеми со точноста на ударот и големината на боевата глава.

Иранскиот план предвидувал проширување на воената акција во Европа доколку американскиот претседател Доналд Трамп го ескалира конфликтот.

Во статијата се споменува и британската воздухопловна база Акротири на островот Кипар. Во март таа беше нападната со беспилотно летало, за кое западните претставници веруваат дека го извршиле силите на Техеран. Иранското раководство, исто така, размислувало и за сечење на подводните оптички кабли во Ормускиот Теснец.

Аналитичарите ги посочуваат групите поддржани од Иран во Ирак, Либан и Јемен како поверојатна закана. Нивните членови би можеле да извршат саботажи од поблиска дистанца.

Во меѓувреме, Бугарија официјално одобри распоредување на до 8 американски авиони за полнење гориво во базата Безмер. Нивниот престој е предвиден за периодот од 24 јули до 1 октомври.

Базата именувана според бугарскиот кан Безмер од 7. век, се наоѓа 10 километри од градот Јамбол и 260 км југоисточно од Софија.

 

Најнови вести од: Регион

Северина со емотивен текст се прости од Ведрана Рудан

– Ведрана, како сте вие, треба ли нешто? – ја прашав едвај задржувајќи ги солзите што само течеа. – Ништо, Севе, само и понатаму еби им мајката на сите – раскажува Северина дел од своите спомени со својата пријателка, писателката Ведрана Рудан

Шестмина повредени во пожар во хотел во Албанија, петмина од Косово

Според прелиминарните податоци, пожарот првично избувнал во барот на првиот кат од зградата, а потоа се проширил на вториот кат, каде што работел хотелот. Од повредените туристи, петмина се од Косово.

To top