Регион

Бугарски експерт: Не сме доволно подготвени за напад од Иран

Илија Налбантов посочува дека Бугарија има советска опрема, според него неспособна да се спротивстави на каков било ирански удар

Реагирајќи на написот од „Фајненшел тајмс“ дека Иран разгледувал напад со балистички ракети врз Бугарија и Кипар при евентуално проширување на војната со САД, бугарскиот експерт за безбедност и одбрана Илија Налбантов смета дека неговата земја не е доволно подготвена да се одбрани од таква закана.

„Опремата ни е советска, која не е способна да се спротивстави на какви било удари од Иран, а одбраната против беспилотни летала е сведена на минимум – допрва ќе ја изградиме“, го цитираат Налбантов бугарските медиуми.

„Нашите објекти, кои се наоѓаат на американската или на НАТО-страната, се премногу незначителни за да се користат за ваков вид напади врз земјата. Но, ако станува збор за терористички напади, можно е. За мене, сепак, поверојатно е дека кога Русија и Иран ќе бидат во сојуз, Русија ќе му помогне на Иран да ја нападне Бугарија со беспилотни летала“, истакна тој.

Најнови вести од: Регион

To top