Бизнис

Државниот долг на САД надмина рекордни 40 трилиони долари

За помалку од две децении, од првиот мандат на Трамп во 2017 година, американскиот федерален долг се зголеми повеќе од двојно

Федералниот долг на САД надмина 40 трилиони долари за прв пат во историјата, објави Ројтерс.

Според најновиот извештај на Министерството за финансии, вкупниот износ на неизмирен национален долг до вторникот изнесуваше 40,047 трилиони долари. Од тоа, 32,266 трилиони долари се во државни хартии од вредност што ги поседува јавноста, а уште 7,782 трилиони долари се во обврски за внатрешен долг.

Федералниот долг се зголеми повеќе од двојно за помалку од една деценија, од 19,95 трилиони долари кога Доналд Трамп првпат ја презеде функцијата во јануари 2017 година.

„Долгот од 40 трилиони долари не постои само во владините книги; тој се рефлектира низ целата економија и влијае врз паричниците на луѓето на еден или друг начин. Колку повеќе позајмуваме, толку повеќе ја поттикнуваме инфлацијата, ги истиснуваме другите буџетски приоритети и стануваме поранливи на домашни вонредни ситуации и надворешни шокови“, рече Маја Мекгинис, претседателка на непартискиот Комитет за одговорен федерален буџет.

Откако Трамп се врати во Белата куќа во јануари 2025 година, националниот долг на САД се зголеми за 3,8 трилиони долари. Вкупниот долг се зголеми за 11,6 трилиони долари за време на двата мандати на Трамп.

Најнови вести од: Бизнис

Буџетот е во добра кондиција но нема за сѐ, рече министерката за финансии

Буџетот е во добра кондиција и покрај предизвиците. Министерката за финансии Гордана Димитриска Кочоска е задоволна од тоа како се полни државната каса. Солидни резултати имало и кај даноците и кај придонесите.

Соседите профитираат иако рударството им стагнира – Бугарите задоволни од поскапениот бакар, нашиот во Иловица тоне

Рудникот за бакар во Иловица е предвидено да произведува до 16.000 тони годишно, но проектот е во застој. Со прогнозирано активно производство во период до 23 години, овој проект би можел значително да влијае на зголемувањето на македонскиот извоз и врз приходната страна на буџетот.

Се доближуваме до целта – Македонија да стане извозник на струја

Според ВМРО-ДПМНЕ, со новите законски решенија се отвора можност за намалување на цената на електричната енергија за домаќинствата за 5 до 10%, а со преземените мерки за субвенционирање на електричната енергија, директно се заштитува стандардот на граѓаните и се спречуваат ценовни шокови за домаќинствата.

Родот стои, а купувачи нема – расте бојот на земјоделци кои продаваат директно од нива

Домашните земјоделци повторно се соочуваат со проблемот каде и како да го продадат произведеното овошје и зеленчук. Наместо производите да стигнат до маркетите, дел од производителите ги нудат директно од нивите, бидејќи откупот и пласманот остануваат неизвесни. Проблемот со пласманот и цените со години е една од најголемите грижи за земјоделците во земјава.

To top