Македонија

„Револуционерни спомени“ на Ахмети: Во 1981 бев уапсен во Кичево и во затвор 60 дена, ама во мај 1984 УДБ-а не ме фати, иако ме опколи!

„Али Ахмети изнесе јавно признание за неговите апсења во текот на годините 1981-1982, за активноста на албанските студенти и влијанието на убиствата на Јусуф Гервала, Кадри Зека и Бардош Гервала врз албанското движење од тоа време.“ – пренесе весникот на албански јазик „Лајм“ од Скопје.

Натаму весникот пишува: Во интервјуто за серијата „Досиеја“ на „Дебата Плус“, Ахмети рече дека во 1981 година бил уапсен во Кичево и држен 60 дена, додека следното апсење се случило во 1982 година. Тој посочи дека околу 150 студенти биле уапсени во тој период, но според него, само мал дел биле организирани.

Ахмети наведе дека во мај 1984 година неговата група била опколена од УДБ, но тој не бил пронајден во неговиот стан, а потоа се префрлил во илегала, за да избега од Југославија на 1 јули истата година.

Ахмети рече дека убиството на Јусуф Гервала, Кадри Зека и Бардош Гервала тоа било сериозен удар врз албанското движење, но дека целта за негово заплашување и ослабување не била постигната (прев.заб. – Јусуф Гервала, Кадри Зека и Бардош Гервала беа косовски политички активисти и челници на „Националното движење за ослободување на Косово“, убиени на 17.1.1982 година во Германија).

„Секое апсење, секое убиство имало контраефект и нè мобилизирало уште повеќе. Секој удар нè калеше. Секој удар нè правеше посилни. “, рече Ахмети, пренесе „Лајм“.

Најнови вести од: Македонија

По гужвите на Табановце, МВР воведе електронско плаќање на казните за странци – сообраќајот нормализиран

Сообраќајот на граничниот премин Табановце е нормализиран и во моментов се одвива без поголеми задржувања, информира Министерството за внатрешни работи. Од МВР посочуваат дека во изминатиот период на преминот биле регистрирани зголемени задржувања поради постапувањето со возила со странски регистарски ознаки кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сообраќајни прекршоци. Од 2 февруари до 20 август […]

Федерацијата на планинарски спортови бара да се пронајдат виновниците, по скандалозното уништување на зимската маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв

Дел од новопоставената опрема за зимска планинарска маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв, долга приближно 11 километри, е уништена, оштетена или отстранета, со што директно се за загрозува безбедоста на планинарите и го попречува локалниот развој, информираат од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија. Оттаму укажуваат дека повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови се уништени, оштетени или отстранети. Причинета е голема финансиска штета, но последиците би можеле да бидат многу посериозни по безбедноста на планинарите.

ИНА: Од јануари-јуни 2025 Ахмети од ДУИ и Тачи од ДПА најпасивни во Собранието, немале никакви дискусии и не изнеле ниеден предлог!

„Податоците од платформата Pratenici.mk укажуваат на пратеници со многу ниско учество во парламентарните активности во првата половина од 2025 година. Лидерот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на ДПА Мендух Тачи во тој период никогаш не се појавиле на дискусија во Собранието, не предложиле закон, или амандман, и не биле членови на ниту една парламентарна комисија. Ахмети учествувал само на три седници, додека Тачи на четири седници.“ – објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“.

Зошто Османи ја лаже јавноста користејќи лажни вести на бугарски антимакедонист, прашува заменик спикерот

Лажната вест дека Македонија нема да добие бесплатен роаминг прв ја објваи бугарскиот портал Вестимак.мк кој на македонски јазик објавува антимакедонски статии. Овој портал го контролираат луѓе од Софија и Виктор Стојанов од бугарската фондација ,,Македонија”.

Најнови вести

To top