Македонија

Тачи шокиран од „политичката проституција на Ахмети“, бара да си замине од политиката

Лидерот на ДПА со нов жесток напад врз првиот човек на ДУИ, „лисица на која ѝ гори опашката“ и кој „лаже дека му ветиле избори“

Лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, без да бира зборови ја коментира изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, според која уште лани се договориле со ВМРО-ДПМНЕ предвремени избори, што од владејачката партија експресно беше демантирано.

„Шокиран сум од политичката проституција на Али Ахмети. Тој го моли Христијан Мицкоски да го земе во Владата. Ахмети е ракот на албанската политика во Македонија, сега со Зијадин и со Таравари. Овој врескач, оваа лисица на која ѝ гори опашката и чие име е Али Ахмети, треба да си замине од политиката“, рече Тачи.

Тој изјави дека нема надеж за ДУИ, и покрај желбата на Ахмети за предвремени парламентарни избори.

„Нема избори. Али лаже. Никој ништо не му ветил, мисли дека ќе има надеж за ДУИ, но повеќе нема надеж“, категоричен е Тачи, кој минатата есен се „раздружи“ со тогашниот „Европски фронт“ предводен од интегративците, изјавувајќи дека се покајал што воопшто влегол во него.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top