Македонија

Жировница во Македонија моли: Не делете не затоа што боли!

Делете ја, парчете ја, пак ќе биде наша најмила

Тимот којшто ја администрира Фејсбук страницата на селото Жировница апелира до дел од неодговорните граѓани да не го делат селото на етничка линија.

Испровоциран од националистички радикали тимот Жировница бара да запрат коментарите кои носат поделби.

Жировница е во Македонија и никој нема да ја дели и да ја носи никаде се вели во апелот.

,,Имам една голема молба,
до сите што почнаа да дискутираат на нашава страница дали Жировница е македонска, албанска или турска.

Жировница е во Македонија и нема каде да ја носиме ниту пак да ја делиме.

Приморан бев да отстранам многу коментари од објавата, ама понатаму
нема никого да толерирам и
ќе биде автоматски блокиран на страницата.

Затоа што нашето село не е за политика водење. Ако сакате да солите некому памет прво вие дознајте од каде сте
и што сте, па после делете
села и градови во Македонија.

Со почит,
Тимот на
село Жировница”, стои во пораката до јавноста.

Селото Жировница кое со право е алергично на поделби е познато по вредниот и чесен народ кој живее таму, по песната ,,Жировницо пуста останала” и по поетот Саме Жерновски автор на песната ,,Не викајте ме торбеш”.

Насловот и стиховите на емотивната песна ,,Не викајте ме Торбеш” е дело на македонскиот поет Саме Лимани – Жерновски, со кое се искажува болката од погрдното и навредливо име кое им се дава на Македонците со муслиманска вера.

„Не викајте ме торбеш, зашто ѕвездите ќе ми изгаснат во очиве, и ќе се исцедат како солзи на доенче“. „Уште во татковите жили. Шепотот им е на македонски. Кога …

Видео од песната

Видео од една од најубавите македонски песни ,,Жировницо, пуста останала”

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Со вера, работа и љубов кон Македонија продолжуваме да градиме подобро утре за нашите деца и сите граѓани

„Денес, повеќе од кога било, ни требаат заедништво, грижа еден за друг и одговорност кон иднината!“ – порача претседателот на Владата на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на роденденската прослава на Општинскиот комитет на партијата во Кочани.

Поставена и осветена биста на македонскиот просветител Кирил Пејчиновиќ во дворот на црквата „Свети Димитрија“ во Теарце

Денес во дворот на црквата „Свети Димитрија“ во Теарце е откриена и осветена биста на македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ, кој во 2022 година е прогласен како  светец Кирил Лешочки.

Вреди: Абази ја затвори истрагата, Ахмети молчи, но кој ќе одговара за 14 загинати во модуларната во Тетово?!

„По вчерашната реакција очекувавме одговор од Али Ахмети и ДУИ. Но не го добивме. Продолжува нивниот молк во врска со трагедијата во Тетово, во која загинаа 14 лица.“ – нагласува партијата Вреди.

ВМРО ДПМНЕ: Абази пред заминување доодработи за СДС и ДУИ и го спаси Филипче од одговорноста за модуларната болница во Тетово!

„Ова не е прв случај, во кој Ислам Абази работи во интерес на Заев, Филипче и Ахмети. Сега пред заминување си ја доработува задачата, за која беше поставен во време на СДС. Тој не го прогласи Филипче како виновен.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

To top