Македонија

Со пиштол ограбена обложувалница на Бит-пазар

МВР Билтен

Разбојник со пиштол ограбил спортска обложувалница на подрачјето на Бит-пазар во Скопје.

Разбојништвото било пријавено утрово во 00:36 часот во СВР Скопје.

Според пријавеното, машко лице со закана со пиштол од вработената одзело пари од дневниот промет.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Најнови вести од: Македонија

To top