Регион

Забрана за движење на грчкиот полуостров Халкидики

Мерката ќе се спроведува додека трае високиот ризик

Поради зголемена опасност од шумски пожари, од вчера, 23 август, во одредени шумски подрачја на полуостровот Халкидики е забрането движењето на пешаци и возила. Мерката важи од 8:00 до 20:00 часот.

Одлуката ја донел заменик-гувернерот на Халкидики, Јоанис Куфидис, согласно со дневната проценка на опасноста од пожари и препораките на надлежните служби.

Забраната се однесува на одредени подрачја во општините Касандра, Ситонија и Аристотел.

Во Касандра мерката ги опфаќа подрачјата Корфограми, од Касандрина до Агија Параскеви, како и Арапс и Халковуни во локалната заедница Палиури. Во Ситонија, забраната важи за гребенот Драгундели, од Пчеларската задруга до Сикија.

Во општината Аристотел, забраната важи на подрачјето од Комица до Уранополис, како и во Цамија Стратоникис, Фисока и Стрелиште Стратонија.

Полицијата и противпожарните служби ќе спроведуваат засилени контроли и ќе патролираат во шумските подрачја. Лицата што ќе бидат затекнати во зоните каде што важи забраната ќе бидат отстранети, а ќе се евидентираат и регистарските таблички на возилата.

Исклучок се членовите на доброволните организации кои учествуваат во активности за заштита од пожари.

За непочитување на мерката е предвидена административна казна од 300 евра. Контролите и санкционирањето ќе ги спроведуваат полицијата, противпожарната служба, шумската служба и комуналната полиција.

Надлежните ги повикаа жителите и туристите да ја почитуваат забраната со цел да се намали ризикот од избувнување и ширење шумски пожари.

Најнови вести од: Регион

Салвини: Италија нема да прифаќа мигранти, вратени од Германија!

Италија во догледна иднина нема да ги прифаќа мигрантите коишто Германија сака да ѝ ги врати и покрај новите правила на Европската унија, изјави во саботата италијанскиот вицепремиер Матео Салвини.

Јотова за Бугарите во Македонија: Нема да се откажеме од вас и ќе ги чуваме вашите права!

Бугарската претседателка Илијана Јотова повторно ја отвори темата за положбата на Бугарите во Македонија. Таа рече дека „Софија нема да се откаже од нив и ќе продолжи да ги штити нивните права“. Јотова ова го наведе вчеравечер од месноста „Петрова нива“ во село Стоилово, во Бугарија, каде што учествуваше на „одбележувањето на 123 годишнината“ од таканареченото „Илинденско-Преображенско востание“.

Каракачанов: Иран може да ги нападне Бугарија и Романија, кои немаат начин да се одбранат

Прашањето е зошто влегувате во конфликт што не е ваш, особено со земја со која Бугарија традиционално одржува нормални дипломатски и економски односи со децении, вели лидерот на ВМРО-БНД

To top