Бизнис

Гасификацијата влегува во нова фаза – Македонија се врзува со Грција, Србија и Вертикалниот коридор

Новото раководство на НОМАГАС го предводи Недим Рама, како претседател на Управниот одбор и генерален директор. Крсте Миладинов е заменик-претседател на Управниот одбор и заменик-генерален директор, а членови се Бошко Стефановски, Хајриз Бучи и Огнен Димитров. На чело на Надзорниот одбор е Иво Малинов како независен член и претседател. Во одборот се и Агим Махмути, Златко Ацевски, Катерина Гичев и Саша Ангеловски.

Македонија влегува во нова фаза на гасното поврзување со регионот. Интерконекторот со Грција е пред завршување, се забрзуваат подготовките за нова врска со Србија, а веќе во септември земјава треба да се приклучи и кон Вертикалниот гасен коридор. Паралелно со регионалните проекти, фокусот се префрла и кон општините – гасификацијата конечно да излезе од рамката на големите инфраструктурни планови и да стане достапна за повеќе корисници. Ова биле главните теми на работната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска со новиот Управен и Надзорен одбор на НОМАГАС АД Скопје.

Еден од клучните проекти е интерконекторот со Грција, кој веќе се наоѓа во финална фаза. Неговото пуштање во функција треба да ѝ овозможи на Македонија пристап до дополнителни правци и извори на природен гас и да ја намали зависноста од ограничен број снабдувачки рути.

Следниот чекор е Србија. Во тек се поинтензивни разговори и активности околу изградбата на гасен интерконектор меѓу двете земји, со што македонскиот гасоводен систем би добил уште една регионална врска и поголема флексибилност при снабдувањето. Дополнителна промена се очекува во септември, кога е најавено приклучувањето на Македонија кон Вертикалниот коридор. Овој регионален гасен правец треба да овозможи подобро поврзување на пазарите во Југоисточна Европа и поголема можност за транспорт на гас од различни извори. Но, изградбата на интерконектори сама по себе не ја решава домашната гасификација. Токму затоа на средбата било отворено и прашањето како побрзо да се вклучат општините и како природниот гас да стигне до институциите, компаниите и домаќинствата.

  • „Нашата цел е гасификацијата да не остане само инфраструктурен проект, туку да создадеме услови природниот гас да стане реално достапен за што поголем број општини, институции и граѓани“, порача Божиновска.

Според неа, за тоа ќе биде потребна координација меѓу државата, локалните самоуправи и НОМАГАС, но и дополнителни механизми што би ги мотивирале општините поактивно да се вклучат во процесот. На состанокот било нагласено дека во следниот период приоритет ќе биде побрзата реализација на капиталните проекти, подоброто управување со постојната гасна инфраструктура и поблиската координација меѓу Министерството и НОМАГАС. Целта е создавање посигурен и подиверзифициран систем, со поголема конкурентност при снабдувањето со природен гас.

Новото раководство на НОМАГАС го предводи Недим Рама, како претседател на Управниот одбор и генерален директор. Крсте Миладинов е заменик-претседател на Управниот одбор и заменик-генерален директор, а членови се Бошко Стефановски, Хајриз Бучи и Огнен Димитров. На чело на Надзорниот одбор е Иво Малинов како независен член и претседател. Во одборот се и Агим Махмути, Златко Ацевски, Катерина Гичев и Саша Ангеловски.

Со новото раководство и со неколку крупни инфраструктурни проекти во различни фази, следните месеци ќе покажат дали гасификацијата ќе добие побрзо темпо – не само на картата на регионалните интерконектори, туку и во самите македонски општини.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

To top