Тема: НОМАГАС

„Рапид Билд“ ќе го гради гасоводот кон Србија, проектот тежи 29,4 милиони евра

Македонскиот дел од интерконекторот ќе биде долг 22,4 километри, со дијаметар од 500 милиметри. Почетната точка ќе биде кај блок-станицата „Клечовце“, а крајната точка ќе биде на границата со Србија, во близина на селото Сопот.

Гасификацијата влегува во нова фаза – Македонија се врзува со Грција, Србија и Вертикалниот коридор

Новото раководство на НОМАГАС го предводи Недим Рама, како претседател на Управниот одбор и генерален директор. Крсте Миладинов е заменик-претседател на Управниот одбор и заменик-генерален директор, а членови се Бошко Стефановски, Хајриз Бучи и Огнен Димитров. На чело на Надзорниот одбор е Иво Малинов како независен член и претседател. Во одборот се и Агим Махмути, Златко Ацевски, Катерина Гичев и Саша Ангеловски.

НОМАГАС: Македонија се вклучува во проширувањето на Вертикалниот коридор кон Западен Балкан

Македонија направи значаен чекор кон вклучување во проширениот Вертикален коридор. НОМАГАС АД Скопје, заедно со Transportgas Srbija, за првпат учествуваше во работните разговори на операторите на системите за пренос на природен гас, одржани во Атина, со што Западен Балкан се вклучува во понатамошниот развој на иницијативата, соопшти НОМАГАС.

Од држава со една влезна точка за природен гас, стануваме држава со извори на снабдување, вели директорот на НОМАГАС

НОМАГАС, како оператор на националниот гасопреносен систем, има важна улога во енергетската транзиција преку развој на сигурна и модерна инфраструктура која денес обезбедува пристап до природен гас, а во иднина може да претставува основа и за интеграција на нискојаглеродни гасови, вклучително и водород, во согласност со технолошкиот развој и европските енергетски политики.

Остра реакција на „НОМАГАС“ по најавата на ЈСП дека нема да има автобуси

Во врска со известувањето од ЈСП Скопје за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред, Ве известуваме за евентуални несакани последици, велат од компанијата. Граѓаните пак се во прашалници дали пак ќе мрзнат по постојките.

To top