Македонија

Николоски: Испорачуваме резултати – тоа е клучната разлика од претходнта власт

Откочени се проектите од коридорите 8 и 10

Клучната разлика меѓу оваа Влада и претходната влада е тоа што оваа Влада работи и испорачува резултати, за разлика од години наназад кога имаше застој и ништо не се работеше, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, осврнувајќи се на реализацијата на железничката пруга од коридорите 8 и 10.

На денешната пленарна седница за пратенички прашања, Николоски рече дека претходната влада слепо влегла во проектот за изградба на железничката пруга кон Бугарија, која е дел од Коридорот 8, без да направи анализа и да има договор со Бугарија дека проектот ќе се реализира.

– Ние рековме дека нема да потрошиме над половина милијарда евра пари на македонските даночни обврзници за проект којшто завршува во слеп тунел и затоа влеговме во сериозни преговори со Бугарија за да побараме и тие да инвестираат. Имавме три барања, пред месец дена Бугарија ги прифати трите барања. Првото барање беше да го доизградат својот дел којшто недостасува, второто барање беше од Софија до Ѓуешево каде на хартија има пруга, но е нефунционална, да вложат пари и да ја изградат, а третото барање беше тунелот да се изгради целосно, посочи Николоски.

Во моментот, како што информира, се преговара финалната верзија на текстот што треба да го потпишат двете страни, а исто така Бугарија распишала и тендер за изградба на комплетно нова пруга на релација Софија – Ѓуешево.

Следна фаза, како што најави, ќе бидат преговорите со Албанија за да се изгради и западниот дел од Коридорот 8.

Во однос на брзата пруга од Коридорот 10, Николоски рече дека досега немало активности на овој дел и дека влегле многу амбициозно во проектот.

– Потпишавме договор со економската и политичка сила број 2 во светот – Велика Британија. Знам дека многумина очекуваа да потпишеме со некои други сили кои не се од Западот, туку се од Истокот, но тоа не се случи и знам дека сега не знаат што да кажуваат, па се изнаслушавме се и сешто од коешто ниедно не е аргумент, затоа што пропагандата беше спремана дека ќе потпишеме договор со некои други држави кои не се дел од овој западен свет. Како резултат на тој договор, сега имаме понуди од 16 врвни институции и банки чии имиња ќе дојде време јавноста ќе ги има на увид. Претходните влади можеле само да сонуваат да ги видат овие банки на гости да дојдат во Македонија, камоли да даваат понуди за финансирање на толку големи проекти. На тие од банките да им кажевте на мапа да ја најдат Македонија, не можеа да ја најдат во ваше време, рече Николоски, одговарајќи му на пратеникот Митко Трајчулевски од СДСМ.

За можноста за користење на грантови од Европската унија за вакви големи инфраструктурни проекти, Николоски рече дека кога државата би била членка на Европската унија, би имала поголеми грантови, но дека за да станеме членка треба да ја промениме националната историја, култура и јазик.

– Бајките што се споменуваат во јавност дека ова можело да се гради со грант, се неточни. Можно е, ако некогаш се променат околностите. Во догледно време имајќи предвид дека нема да се променат околностите, ние нема да застанеме да не ја развиваме државата затоа што човек треба да е слеп и да не ја види реалноста. Ако од една страна имате таков напад каков што се случи во Европскиот парламент да не сакаат јазикот и нацијата да ни ја признаат, веројатно не треба да сте наивни и да верувате дека утре ќе не примат и ќе можеме да користиме грантови. Едното со другото не оди, нагласи министерот Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Жестокиот критичар на великобугарскиот шовинизам Мито Хаџивасилев-Јасмин (21.12.1922-1.8.1968): Македонците не можат да бидат асимилирани поради нивната јасна македонска национална свест!

Мито Хаџивасилев-Јасмин е многу повеќе од новинар и публицист: тој е директен учесник во македонската Народноослободителна и антифашистичка борба во Втората светска војна. Преку своите текстови кристално јасно ги заштитува македонските национални и политички интереси. Се пројавува како застапник на македонските национални особености и како критичар на сите националистички и шовинистички активности против македонскиот народ.

„Бледскиот договор“ од 1947 е одговорот на сите спорови, кои ги покренува Бугарија денес кон Македонија, затоа треба да се бара негово почитување!

По потпишувањето на „Бледскиот договор“ во 1947 меѓу Југославија и Бугарија започнува да пулсира македонското чувство меѓу Македонците во Пиринска Македонија, но по неговото еднострано раскинување од страна на Софија во 1949 тоа македонско чувство замира… Продолжуваат жестоките настојувања на Софија за асимилација на на Македонците во Пиринска Македонија и негирањето на македонскиот јазик, идентитет и историја.

Безбедносната состојба е под контрола а пожарите се гаснат – заврши состанокот на Советот за безбедност

Од воведните излагања и од средбата заклучокот беше дека, сепак, регионалната безбедност е стабилна и под контрола и во земјава и не се очекуваат некакви безбедносни проблеми и дилеми

Николоски: Очекувам коридорот 10-д да биде алтернатива за сите патници од Виена до Атина

Со одлична динамика се одвива изградбата на автопатот од Прилеп до Битола, а очекувањата се оваа автопатска делница од коридорот 10 -д да биде целосно завршена до крајот на 2027 година

To top