Македонија

Мицкоски: Коцевски останува лојален на старата коалиција ДУИ-СДСМ и покрај изгласаната недоверба

Видовте кои го поддржаа при гласањето – тоа беше поранешната влада, пратениците од ДУИ, кои што ме обвинуваа дека соработувам со него, при неговите етноцентрични одлуки со фокус на ужасната трагедија во Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека републичкиот јавен обвинител Љубомир Коцески кому му беше изгласана недоверба во Собранието, продолжува да биде лојален на претходната владејачка коалиција ДУИ-СДСМ, и оти правните ограничувања во предизборниот период го блокираат процесот на негово разрешување.

– Вие се сеќавате дека од опозицијата мене ме обвинуваа дека сум бил во некаква коалиција со него, дека сум диктирал обвиненија, дека сум опструирал обвинителни процеси итн. Во рамките на неколку минути сето тоа се демантираше, дека е практично конструкција и лага. Видовте кои го поддржаа при гласањето – тоа беше поранешната влада, пратениците од ДУИ, кои што ме обвинуваа дека соработувам со него, при неговите етноцентрични одлуки со фокус на ужасната трагедија во Кочани. Ете, видовте каква е вистината, дека тој практично е сè уште лојален на оние што претходно му дале поддршка, а тоа е коалицијата ДУИ–СДСМ, изјави Мицкоски.

Премиерот нагласи дека Владата моментално нема правна можност да преземе конкретни чекори поради изборниот процес што следува.

-Сега, и да сакаме, не можеме да преземеме нешто бидејќи влегуваме во процес на распишани избори. Најверојатно изборите ќе се распишат кон крајот на следната недела. Така што, сите процеси на избор и именувања поради ограничувањата на законот ќе бидат стопирани. Од ноември ќе продолжиме со оној процес, онаму каде што застанавме. Ако се одважи и даде оставка, повторно влегуваме во еден лавиринт во кој не можеме да бидеме поради ограничувањата кои што ги имаме. Ние можеме да избереме, но ќе биде спротивно на закон. Затоа има таму заменици – тие ќе ја заменуваат работата на јавниот обвинител сè додека не биде избран нов. Истото важи и за другите институции, не само за јавниот обвинител, додаде тој.

Во понеденикот, пратениците во македонското Собрание ја поддржаа интерпелацијата на републичкиот обвинител Коцевски. Интерпелацијата нема правно дејство што значи дека Коцевски останува сам да одлучи дали ќе поднесе оставка или пак Владата ќе биде таа која ќе продолжи со постапката за разрешување.

Коцевски во интервју за весникот „Вечер“ изјави дека нема да поднесе оставка „туку уште поревносно ќе се посвети на работата, особено за неколкуте големи случаи по кои се постапува како „Онкологија“ и „Пулс“ и „Крмзов“, за кои, како што вели, постојат многу цврсти докази.

Во врска со поништувањето на конкурсот за избор на судија во Европскиот суд за човекови права, Мицкоски изјави дека е формирана нова комисија со сите лица кои раководат со судските институции.

-Тие нека одлучат во следниот конкурс кој е најдобар, посочи премиерот.

Најнови вести од: Македонија

Филипче: Вистински патриотизам е само унапредување на нашата држава

Лидерот на СДСМ, денеска од Крушево, на одбележувањето на 122 години од Илинденското востание и 81 година од Првото заседание на АСНОМ, го честита празникот. „Го честитам празникот Илинден од историското и храбро Крушево, од каде што тргна револуцијата, од каде што тргна големата борба, епопејата за слободна, независна држава. Денеска ги славиме и двата Илиндени, […]

Мицкоски: Илинден е вистината за Македонија која живее

Илинден е темелот врз кој се изгради современата македонска државност. Илинден е вистината за Македонија која живее, напиша премиерот Христијан Мицкоски во својата честитка. -Тоа не е само историја – тоа е жив идентитет, потсетник на стремежот за слобода, правда и сопствена држава. На овој ден се сеќаваме на храброста и жртвата на оние кои […]

Девет фирми добиле покана да достават понуда за Букојчани-Кичево

Јавното препријатие за државни патишта (ЈПДП) информира дека е завршена претквалификациската фаза на тендерот за изградба на автопатот Букојчани-Кичево кој е дел од Коридорот 8. Се додава дека девет фирми, кои ја поминале оваа фаза, влегуваат во процесот за избор на изведувач за изградба на автопатот и дека денеска добиле покана да ги достават своите […]

To top