Македонија

Николоски: Очекувам коридорот 10-д да биде алтернатива за сите патници од Виена до Атина

Со одлична динамика се одвива изградбата на автопатот од Прилеп до Битола, а очекувањата се оваа автопатска делница од коридорот 10 -д да биде целосно завршена до крајот на 2027 година

Со одлична динамика се одвива изградбата на автопатот од Прилеп до Битола, а очекувањата се оваа автопатска делница од коридорот 10 -д да биде целосно завршена до крајот на 2027 година – истакна министерот за транспорт, Александар Николоски во интервјуто за ТВ Њузмакс Балкан.

Веќе го пуштивме во употреба експресниот пат Градско-Прилеп, односно потегот Градско-Дреново-Фариш, а размислуваме да го споиме и Фариш со Прилеп со експресен пат или автопат, што ќе ја отвори централна Македонија. Тоа е делот од државата кој што најмногу придонесува во БДП, таму се произведува 80% од електричната енергија што ја произведуваме како држава, над половина од земјоделското производство, тука е мермерот, тука се едни од најголемите фабрики и комбинати кои ги има Mакедонија.Ова беше запоставен крај, а сега целосно се отвара овој крај и кон Скопје и кон соседните земји, истакна Николоски.

Во однос на врската на коридор 10 -д, министерот потенцираше дека со изградбата на оваа патна мрежа, кoридорот 10- д ќе стане алтернатива за патување кон соседна Грција за голем број патници кои патуваат на релација Виена преку Будимпешта-Белград-Скопје-Атина со што ќе се скратува патувањето за еден час.

Најнови вести од: Македонија

Владата донесе одлука за училишната кошничка: цените на училишниот прибор се намалуваат најмалку за 15 отсто!

Владата на Република Македонија денешната седница донесе одлука, со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година.

Ангелов: Тешкиот пожар кај Градско ги загрозува селата Горно Чичево и Долно Чичево!

„Денес, на 25 август 2026 година пред 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот меѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево.“ – истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, дополнувајќи дека поради неговото ширење натаму пренасочени биле и „воздушните трактори“ од Китка.

Мицкоски: Направивме многу отстапки за ЕУ, но нè предадоа и нè излажаа, а сега бараат заедно со Бугарија пак да го менуваме Уставот, што е смешно!

„Македонија сака да биде дел од Европската унија и на тој пат направивме многу отстапки, кои, според бирократи од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто, што го направивме. Но, тие нè предадоа и нè излажаа!“ – истакнува претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во интервју за американски „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News).

To top