Стојановски, на 100. пленарна седница на која беше усвоен Годишниот извештај на Антикорупциска за 2025 година, побара анализата до нив да биде доставена што поскоро за да може да се донесе законот.
Законот, како што кажа пратеникот, е поднесен во јули, а до денеска нема никаков одговор од Антикорупциска.
– На 30 јули вашата институција издаде соопштение во јавноста во кое имаше низа критики. Денеска е 15 септември – значи 45 дена подоцна вашата институција нема изработено антикорупциска анализа на овој закон. За да нема разноликост во јавноста, јас во името на тие 24 пратеници кои го потпишавме овој закон од различни политички партии сакам лично да ве повикам вас и вашата институција веднаш и неодложно да изработите една антикорупциска анализа на тој закон и да ја доставите до оние до коишто сме ја потпишале – рече Стојановски.