Македонија

Николоски: Честит празник Македонијо, ни доаѓаат убави денови

Ова е најголемиот празник за Македонија, за Македонците, за македонската држава, рече Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ја предводеше делегацијата на Владата на чествувањето на големиот празник Илинден во Крушево.

Тој во својата порака истакна:

„Ова е најголемиот празник за Македонија, за Македонците, за македонската држава. Јас сум традиционално тука секоја година, од дете доаѓам и пред да се занимавам со политика и откако се занимавам со политика сега, без разлика дали во опозиција или на власт, секогаш сакам да сум тука во Крушево. Еве денеска имам чест да ја предводам делегацијата на Владата на Македонија која што е составена од министерот Љутков и од министерот Азир Алиу така што и вчера и денес сме во Крушево заеднички со крушевчани и сите кои што доаѓаат од Македонија го славиме празникот.Би сакал да го честитам празникот на сите Македонци, да посакам мир,благосостојба и убави денови и многу здравје пред се и убави денови за Македонија“ – порача вицепремиерот Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Направивме многу отстапки за ЕУ, но нè предадоа и нè излажаа, а сега бараат заедно со Бугарија пак да го менуваме Уставот, што е смешно!

„Македонија сака да биде дел од Европската унија и на тој пат направивме многу отстапки, кои, според бирократи од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто, што го направивме. Но, тие нè предадоа и нè излажаа!“ – истакнува претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во интервју за американски „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News).

To top