Македонија

Премиерот Мицкоски оддаде почит на хероите од двата Илиндена во струшко Ташмаруништа

Нивното дело мора да остане запаметено во колективната свест, особено денес кога сме жестоко негирани и исправени пред нови предизвици и неправди

Традиционално, со полагање цвеќе на споменикот на двата Илиндена и народен собир во атарот на црквата „Свети Архангел Миахил“, каде се наоѓа заедничка гробница на паднатите востаници во струшкото село Ташмаруништа денеска беа одбележани 122 години од Илинденското востание и 81 година од АСНОМ.

Почит на спомен – обележјата на хероите од илинденската епопеја оддадоа премиерот Христијан Мицкоски, делегации на политичките партии, Сојузот на борци, организации и граѓани.

Зачувувањето на споменот на илинденците, според општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ – Струга, е свет завет.

– Нивното дело мора да остане запаметено во колективната свест, особено денес кога сме жестоко негирани и исправени пред нови предизвици и неправди. Споменот на жртвите нека ни биде ѕвезда водилка, која ќе ни го покаже вистинскиот пат, бидејќи секое скршнување од него не носи кон сѐ пострмни бездни, истакна заменик министерот за правда и претседател на Општинската организација на ВМРО -ДПМНЕ во Струга, Ален Деребан.

Прославата, традиционално почна со звукот на црковните ѕвона, а после панихидата, за присутните беше подготвен и културно-забавен дел.

Во селото Ташмаруништа за време на Илинденското востание 1903 година се одиграла најжестоката борба меѓу востаниците и турската војска каде во животот го загубиле 27 востаници, а селото било ограбено и запалено.

Најнови вести од: Македонија

Реобјава на тешкиот антимакедонски фалсификат на косовскиот историчар Буџови: „Илинден’ ги одбрани бугарските интереси!“

Дали „Албанците учествувале во Илинденското востание, оти биле присилно мобилизирани, спротивно на интересите на албанското движење за албанска автономија“, што тврди историчарот од Косово Буџови, или „Албанците плански учествувале во Илинденското востание како клучни чинители, за да формираат заедничка држава“, што тврди историчарот Неби Дервиши од Струга? Двајцата албански историчари-фалсификатори, кои сами се демантираат еден со друг, му го одрекуваат македонскиот карактер на Илинденското востание на македонскиот народ – факт познат во сиот свет и сета нормална светска наука, заради великоалбански и великобугарски позиции и интереси.

To top