Македонија

Ќе се снимаат филм и две серии за Тоше Проески

Приказната за Тоше Проески наскоро ќе добие нова филмска и телевизиска форма

Приказната за Тоше Проески наскоро ќе добие нова филмска и телевизиска форма. Во Ровињ беше претставен проектот посветен на животот и кариерата на македонскиот пејач, кој ќе биде реализиран преку игран филм, играна серија и документарна серија. Проектот го претставија продуцентот Пеце Талески, авторот Игор Стоименов и сценаристите Милана Влаовиќ и Андреј Волкашин. Тие посочија дека главниот предизвик е да се раскаже поинаква приказна за Тоше, имајќи предвид дека неговиот живот и кариера се добро познати на јавноста.

Во центарот на проектот ќе биде човекот зад големата музичка ѕвезда – неговиот живот надвор од сцената, личните желби, соништата, верата и стремежот кон обичен живот. Авторите сакаат преку филмот и сериите да понудат нови детали и перспективи за личноста на Тоше Проески. Како една од главните нишки во приказната ќе биде искористена реченицата што Тоше ја кажал во своето последно интервју, само неколку часа пред трагичната смрт: „И јас би сакал да го познавам тој Тоше“. Авторот на проектот, Игор Стоименов, вели дека токму оваа реченица ја опишува суштината на приказната што сакаат да ја раскажат. „Сакам да го пронајдам Тоше – момчето од Крушево, од малото место на покривот на Македонија. Сакам да покажам кој стоел зад гласот, концертите, насловните страници и митот“, вели Стоименов.

До својата 26-та година, Тоше со својот тенор се движеше низ различни музички жанрови, од поп и рок до традиционална музика и оперски арии. Авторите посочуваат дека во исто време со растот на неговата популарност, сè помалку простор останувал за неговиот приватен живот. Според продуцентот Пеце Талески, уште од почетокот било јасно дека приказната не може да се опфати само со еден формат, поради што се развива истовремено како игран филм, играна серија и документарна серија.

Сценаристите Милана Влаовиќ и Андреј Волкашин откриваат дека тимот досега спровел голем број разговори и интервјуа со луѓе кои го познавале Тоше, ги посетувал местата поврзани со неговиот живот и собирал достапни материјали, сведоштва и сеќавања.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора бара посебен статус за транспортерите – нивно изземање од шенгенските ограничувања

Посебен статус за професионалните возачи и нивно изземање од шенгенските ограничувања што важат за туристите предлага Стопанската комора како решение за проблемот со македонските транспортери.

Мисирков: Македонците да имаат македонско гледиште, одделувајќи ги своите интереси од интересите на Бугарија – „лошиот демон за Македонија“!

„Бугарската надворешна политика е главниот извор на сите наши несреќи. Затоа не може и да се зборува за некакви арнотии од Бугарија за Македонија. … Македонци! Време е да се убедиме оти лошиот демон за Македонија не е никој друг освен Бугарија. Ете зошто треба час поскоро да си ги одделиме нашите интереси од бугарските..“ – нагласува авторот на „За македонцките работи“ Крсте Мисирков во својот реферат со наслов „Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства?“, кој го изнесува на денешен ден, на 28 септември 1903 година во Македонското научно-литературно другарство „Св. Климент“ во Санкт Петербург (тогаш Петроград). Тогаш идеологот на македонизмот Крсте Мисирков најдиректно ја формулирал идејата дека македонското прашање мора да има сопствен македонски глас. Истапувајќи на денешен ден пред 123 години како национален мислител од највисок ранг тој се залага Македонија да не биде предмет на туѓи политики, а Македонците сами да ја одредуваат сопствената национална и политичка позиција на Балканот – вонвременски завет и предупредување од исклучително значење во ова „евроинтеграциско време-невреме“ за македонскиот народ.

Западнонилската треска однесе живот и на 70-годишен пациент на Инфективната клиника во Скопје

Уште еден пациент со западнонилска треска во текот на викендот почина на Клиниката за инфективни болести. Се работи за 70-годишен пациент од Аеродром, кој имал повеќе заболувања. На Клиниката се хоспитализирани седум пациенти, од кои двајца се со потешка клиничка слика, изјави денеска директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана.

To top