Бизнис

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

Вистинско време е државата да направи похрабар чекор и да биде инвеститор на проектот „Чебрен и Галиште“, рече премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека има заинтересирани финансиски институции кои сакаат да инвестираат во тој проект и ако се биде како што треба, може да се очекува следната година да биде ставен камен-темелник.

  • Ценам дека имаме финансиски институции кои сакаат да го финансираат овој проект, а една од нив е и развојно-финансиска институција на Владата на САД, DFC, со финансиско портфолио над 220 милијарди долари во овој момент. Разговаравме со Каролин Вик, одговорна за развојни проекти, тие се веќе присутни преку грант за развоен проект – „Крстов дол“, рудникот за антимон, со пет милиони долари. Јас очекувам дека ќе обезбедиме финансирање на овој проект. Според нашите пресметки внатрешната стапка на поврат на проектот е двоцифрена и нето сегашната вредност е исто така одлична. Тоа е проект што ќе трае повеќе влади, не е проект што една влада ќе го почне и ќе го заврши – рече Мицкоски.

Тој додаде дека со реализирањето на овој проект земјава ќе има повеќекратен ефект.

  • Најпрвин е добар за енергетскиот систем, бидејќи ќе биде одличен резервоар на енергија. Понатаму, имајќи ги предвид климатските промени, ќе имаме дополнителни количини вода што сега ги немаме, ќе може да се користат за повеќе намени, меѓу другото и за наводнување на Тиквешко Поле, односно за обезбедување дополнителни количини вода за наводнување на посевите – рече Мицкоски.

Тој очекува веќе следната година да почне реализацијата на проектот.

  • Ако биде се како што треба очекувам следната година да ставиме камен-темелник – рече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, по промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3“.

Целта на Проектот за ревитализација на хидроцентралите е да се продолжи работниот век на 6-те хидроцентрали, да се зголеми инсталираниот капацитет за 13,5 мегавати и да се обезбеди поголемо производство за 50 гигаватчасови.

Најнови вести од: Бизнис

Финансискиот систем стабилен, умерени ризици кај домаќинствата и кај фирмите

Финансискиот систем во земјава ги задржа стабилноста и отпорноста во 2025 година, и покрај неизвесноста во глобалното окружување, оцени Советот на Народната банка при усвојувањето на извештајот за финансиската стабилност.

Македонија увезува над 40% повеќе стоки отколку што извезува – Како стојат земјите од регионот?!

Од јануари до јули 2026 година од земјава биле извезени стоки во вредност од 5,103 милијарди евра. Увозот во истиот период достигнал 7,199 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесувала околу 71 отсто.

Министерот за земјоделство го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи

Зземјоделците ќе потпишуваат договори пред испорака на производот со точни цени количини и рокови на плаќање. Министерот Серафимовски го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи.

Како до поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности?!

Процесот на проширување на Европската Унија во Западен Балкан претставува заеднички интерес за двете страни. Интеграциите подразбираат и многу реформи во општеството, зајакнување на институциите, усогласување на законите, како и реформи на економски и социјален план.

To top