Македонија

Божиновски за „спектаклот“ со Цар Самоил: Нема сомнеж за координација меѓу оние кои сакаат да ја нема Македонија

Според писателот и сценарист, „најлошото од тоа е што како држава не развивме одбранбени механизми“

Најавеното предавање од Грција на Бугарија на наводните останки од Цар Самоил предизвика реакција и од писателот, сценарист и дежурен коментатор на Фејсбук на актуелните случувања.

„Историчарите сѐ уште не се сигурни дека тие коски се на Цар Самоил, но вистината овде ионака нема никаква тежина, посебно во грчката и бугарската историја. Посмртните останки се најдени на територија на Егејска Македонија, на островот Св. Ахил, Мало Преспанско Езеро.

И без сигурност дека се коски на Цар Самоил, тука поважна е симболиката и соработката на двете земји и домашната петта колона која пред 5-6 години им го препиша Цар Самоил на Бугарите, дури имаше и наслов ‘Цар Самоил не ви ги зголеми платите и пензиите, СДСМ ги зголеми’. Сериозен наслов, не сатира.
Од сѐ што се случува околу Македонија и во неа и нема некој сомнеж за координација меѓу оние кои сакаат да ја нема, а такви има и внатре во земјава. Такви пипци има во секоја сфера од живеењето, на секое ниво. Најлошото од тоа е што како држава не развивме одбранбени механизми“, заклучува Божиновски.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

To top