Македонија

Петров открива: 90% од пратениците на СДСМ ни даваат поддршка

Петров за поддршката на „Платформата 12:05“

Истакнатиот член на СДСМ, Андреј Петров, кој е и член на „Платформата 12:05“ за промени во партијата, вечерва гостуваше во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

На прашањето дали, освен Славјанка Петровска која беше присутна на настанот во неделата, имаат поддршка и од другите пратеници од пратеничката група на СДСМ, Петров изјави дека вербално имаат поддршка од 90 проценти од пратениците кои се дел од пратеничката група.

„Вербално, од 90% од пратениците на СДСМ. Вербално, да. Меѓутоа, тоа се луѓе кои се пратеници на СДСМ, имаат мала пратеничка група и се во една деликатна и специфична ситуација и не би сакале ние никого посебно да го предизвикуваме на одредени работи кои можат, на некој начин, да му направат лична штета ако учествува“, рече Петров.

Најнови вести од: Македонија

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

To top