Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ распиша Конкурс за доделување на државната „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ во 2026 година. Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.
Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Државната награда, под условите определени во конкурсот, може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.
Конкурсот ќе трае од 1 до 31 октомври 2026 година. Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам.