Притворот е определен поради постоење опасност осомничениот да се вдаде во бегство, како и поради основан страв дека може да ја попречува истрагата со влијание врз сведоци. Притворот започнува од 03.10.2026 година, имајќи предвид дека лицето во моментот веќе издржува притвор во предметот, поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“. Во новоотворената истрага, за која е предложен притворот, Дејан Јованов е осомничен дека сторил кривично дело „Давање поткуп“.
Имајќи предвид дека осомничениот притворот, определен во предметот „Пулс“, го издржуваше во КПУ Затвор Куманово, со оглед да првично му беше определена од Основниот суд Кочани, сега то ќе биде префрлен на издржување на новоопределениот притвор во Затвор Скопје.
Во однос на предлогот на одбраната на Дејан Јованов за укинување на претходно определената мерка притвор во предметот „Пулс“, со определување гаранција во износ од околу 200.000 евра во недвижен имот, таа од страна на одбраната денеска е повлечена, а со оглед дека согласно со законските одредби овој притвор може да трае една година по оценување на обвинителниот акт, тој притвор истекува утре.
Против решението на судијата на претходна постапка со кое е определен притвор, одбраната има право на жалба, по која одлучува Кривичниот совет.