Кандидатот за нов амбасадор на САД во Бугарија се појави пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот, пред кој изјави дека е „длабоко благодарен на претседателот Трамп за довербата“ што му била укажана и дека, доколку неговата кандидатура биде одобрена, ќе стави акцент на економијата и можностите за трговски и деловни врски меѓу САД и Бугарија.
Даглас Холдер (59) беше прашан за неговиот став во врска со улогата на Вашингтон во убедувањето на Бугарија да не го блокира патот на Македонија кон европските интеграции, на што тој одговори:
„Проблемите меѓу овие две земји се донекаде сложени. Односите што САД ги имаат со двете земји се добри. Тоа е тешка задача, бидејќи не сакаме да ја изгубиме врската со ниту една од нив со тоа што би се вклучиле во спорот што го имаат меѓу себе.
Мојата намера, доколку бидам потврден, би била да ги одржувам односите меѓу двете држави, разговарајќи со нивните лидери и поттикнувајќи одредено меѓусебно разбирање, за да можат да ја постигнат поставената цел“, изјави Холдер.
Холдер одговори потврдно на забелешката на член на член на Комитетот за надворешни работи на Сенатот за време на сослушувањето дека во американски интерес е Македонија да успее да се приклучи кон ЕУ?
Прашањето до него беше: „Го ценам тоа и верувам дека ќе се согласите дека и во американски интерес е Македонија да успее да се приклучи кон ЕУ?“.
„Да“, беше одговорот на Холдер.