Зиадин Села, лидерот на Алијансата за Албанците, реагираше на случувањата во Косово. Во објава на социјалните мрежи, Села ја опишува одлуката на Специјалниот суд во врска со поранешните лидери на ОВК како срамна.
Полицијата се судри со демонстранти во Приштина, 17 повредени (ВИДЕО)
„За жал, оваа чума го зафати целото албанско општество. Секако во Македонија и Албанија, но за жал, денешното Косово навистина претставува разочарување. Срамно, нели?“
„Одлуката на Специјалниот суд во врска со лидерите на ОВК е навистина срамна. Сепак, политичката класа во Косово (без исклучок) која се занимава со калкулации поврзани со власта – во време кога ни е потребно единство како никогаш досега – го надминува тој срам!“ напиша Села.