Поранешната пратеничка на СДСМ, Софија Куновска, со постмев за „државотворната“ партија, која во внатрепартиска комуникација го нарекува окупаторот во Македонија во Втората светска војна – „антифашистички“?!
„Среќа што останаа кадри во СДСМ со сериозно образование, плус Тричко им држи дополнителна настава про боно за да ја задоволи таа жед и глад за знаење“, коментира Куновска на Фејсбук на пораката од партијата на Венко Филипче до членството: „По повод 85 години од денот на народното востание против антифашистичкиот окупатор, СДСМ ве поканува на марш во Прилеп на 10.10.2026 (сабота) во 11:30 часот“.