Македонија

Почна обуката на кандидатите кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека денеска почна обуката на кандидатите кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари. По тој повод денеска во 14:00 часот во салата за седници на општина Кисела Вода прес-конференција ќе одржи директорот на ДЗС и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче […]

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека денеска почна обуката на кандидатите кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари.

По тој повод денеска во 14:00 часот во салата за седници на општина Кисела Вода прес-конференција ќе одржи директорот на ДЗС и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Ангелов ќе информира за почетокот на обуката и за следните чекори со кандидатите, како и за состојбата со пожарите на отворен простор на територија на државата.

Најнови вести од: Македонија

Министри заедно со градоначалници ќе го убедуваат УНЕСКО за зачувување на статусот на Охридскиото езеро

На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.

Протест нека има, но да не се попрачува работа на пратениците, порача спикерот Гаши

Пратениците утре сами да се снајдат како ќе дојдат на работа откако ССМ најави блокада пред законодавниот дом каде ќе ги испратат барањата за раст на платите. Собранискиот спикер Африм Гаши на брифинг со новинарите посочи дека правото на протест е загарантирано, но и дека народните избраници мораат да си ја работат својата работа, исто како и МВР кое е задолжено за безбедноста на сите.

To top