Македонија

11 Октомври – симбол на слободата и борбата на македонскиот народ

Ден на кој продолжија слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и во Илинденското востание кои врвот го достигнуваат со одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.

11 Октомври е празник на востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ.

Со својата вооружена борба, Македонија станала жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.

Настанот од 11 oктомври 1941 година е неповторлив и клучен историски настан, кој е синоним за отпорот на македонскиот народ и го симболизира официјалниот почеток на Народноослободителната антифашистичката војна (НОАВМ) во Вардарска Македонија.

Бескомпромисната борба на партизаните од првиот Прилепски партизански одред и акциите кои тие ги изведоа со нападот на бугарската полициска станица, затворот и прекинот на електричните и телефонски жици, го трасираше борбениот пат кон слободата. Веќе следниот ден, на 12 октомври 1941 година, започнаа вооружените  акции и во Кумановско.

Во месноста Менкова колиба беше формиран Карадачкиот партизански одред, којшто заедно со Кумановскиот партизански одред формиран во месноста Студена вода ги интензивираше воените дејствија до 17 октомври 1941 година.

На 11 Октомври секоја година се сеќаваме на овој настан, кој е симбол во борбата за самостојност и со право можеме да потврдиме дека борците од Народноослободителната борба дадоа голем придонес во победата над фашизмот и на светско ниво.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е неизбришлив спомен и вечен завет за чување и развој на татковината

Идеја водилка на востанието пред 85 години, како народен отпор беше вековниот стремеж за слободна македонска држава. Востанието прерасна во Народноослободителна борба, низ која, со крв, саможртва и непоколебливост на знајни и незнајни јунаци, се трасираше патот кон АСНОМ

To top