Македонија

Полицијата го откри моторџијата што „леташе“ на „Партизанска“ (ВИДЕО)

Две кривични пријави против 37-годишниот А.А. кој немал ни возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека го открило лицето кое безобѕирно управувало мотор по булеварот „Партизански одреди“.

Пред два дена на социјалните мрежи беше споделувано видео на кое се гледа како едно лице управува мотоцикл „сузуки“ и во повеќе наврати се движи небезбедно на едно тркало по булеварот Партизански одреди кај крстосницата со улицата 29 Ноември со што тој загрозувал својот живот и другите учесници во сообраќајот.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во соработка со Безбеден град презело мерки и дејствија при што е утврдено дека станува збор за мотоцикл со скопски регистарски ознаки кој на 03.10.2026 е управуван од машко лице по Партизанска. Со сопственикот е извршен разговор, а потоа и со корисникот на мотоциклот од кого е добиена информација дека мотоциклот на 03.10.2026 го користел А.А.(37) од Скопје.

Полициски службеници во разговор со А.А. дознале дека тој на 03.10.2026 без да поседува возачка дозвола управувал мотоцикл „сузуки“ на булеварот Партизански одреди и објавил неколку видеа на мрежата Тик Ток.

Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје, а против А.А. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-А од Кривичниот законик, „безобѕирно управување на моторно возило“ и по член 298 од Кривичниот законик – „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство“.

 

Најнови вести од: Македонија

БИО ЕНТЕРПРАЈЗ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД „МАКПРОГРЕС“ ЗА ПОМОШТА ПРИ ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „ВИНЧИНИ”

Био Ентерпрајз, компанија од групацијата ФЕРО ИНВЕСТ / ЦЕНТРАЛ ИНВЕСТ, доби плакета за благодарност од „Макпрогрес“ за помошта што ја обезбеди при големиот пожар кој пред една година зафати дел од фабриката на македонскиот бренд „Винчини“ во Виница.

Страстен македонски патриот и извонредно остроумен професионален војник

Генерал Михајло Апостолски не бил агресивен комунист, но е страстен македонски патриот кој за време на војната покажа дека е храбар и способен водач и од јуни 1944 година стана Главен командант на македонскиот партизански отпор

Моќната одбрана на Анатол Франс на Македонците во 1903 – европско „бетонирање“ на идентитетот наспроти бугарско-грчките оспорувања (1)

„Во Македонија турските војници и чиновници масакрираат селани и ги силуваат нивните ќерки и жени. Овие злосторства, извршени за срам на Европа, мора да бидат казнети од Европа. Загрижени сме за судбината на Ерменците и Македонците, не затоа што се христијани, туку затоа што се човечки суштества. Како гаранција за нивното спасение и заради воспоставување сеопшт мир, бараме целосно спроведување на Берлинскиот договор во однос на Ерменија и Македонија. “ – истакнал францускиот писател Анатол Франс во својот знаменит говор, одржан на 18 март 1903 година во Париз на собир, заради поддршка на Ерменија и Македонија. Со тоа уште пред 123 години во срцето на Франција и Европа овој великан на интелектуална Франција едновремено изнесува и моќна потврда на идентитетот на македонскиот народ. Но искажува и заложба за македонска државност и политичка самостојност согласно со Берлинскиот договор од 1878 година, особено во однос на Бугарија и Грција – денешните најжестоки негатори на Македонија и Македонците. Денес се навршуваат 102 години од смртта на овој бележит Француз – бескомпромисен борец и за македонската вистина среде Европа. Оваа годишнина е соодветен повод за ново навраќање кон неговото промакедонско дело, со кое тој трајно заслужува посебно место во колективното паметење на македонскиот народ. Чествувањето на Анатол Франс е чествување и на самите нас како народ со своја самобитност и македонски идентитет.

To top