Македонија

Муцунски: Секоја генерација има свои предизвици и битки

Порака од Тимчо Муцунски по повод 11 Октомври

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ја истакнува важноста на 11 Октомври како симбол на слобода и државотворност.

Тој потсетува дека секоја генерација се соочува со сопствени предизвици и битки во изградбата на независна и интегрирана држава.

Почитувајќи ја жртвата на генерациите пред нас, наша обврска е да продолжиме да градиме слободна, безбедна, почитувана и меѓународно интегрирана држава – дом за сите нејзини граѓани, порачува шефот на македонската дипломатија во честитката по повод 11 Октомври.

– 11 Октомври е симбол на слободата, достоинството и државотворноста, ден кога оддаваме почит на храброста и пожртвуваноста на македонскиот народ во борбата за создавање сопствена држава. Овој празник нè потсетува на нашето минато, но и на одговорноста што ја имаме кон иднината. Секоја генерација има свои предизвици и свои битки, вели Муцунски во честитката објавена на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

To top