Непотврдени информации за здравствената состојба на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун повторно ги разбрануваа социјалните мрежи. Британскиот весник „The Sun“ објави тврдења дека Ким наводно доживеал мозочно крвавење и паднал во кома.
Според овие шпекулации, поради ограничените можности за специјализирана медицинска нега во Пјонгјанг, лидерот бил итно префрлен во Пекинг.
Се наведува дека бил примен во болницата „Peking Union Medical College“, една од најреномираните медицински установи во Кина.
Сепак, овие информации остануваат целосно непотврдени. Досега нема официјално соопштение ниту од властите во Северна Кореја, ниту од кинеските институции, кое би потврдило дека Ким Јонг Ун е хоспитализиран, дека доживеал мозочно крвавење или дека се наоѓа во кома.
Како и во претходни слични случаи, шпекулациите за здравјето на севернокорејскиот лидер брзо се шират, но без независна потврда остануваат само во доменот на непроверени тврдења.