Македонија

Мицевска: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите, зеленилото и новите училишта во Центар?

Центарци бараат резултати, а не повторување на истите ветувања од избори до избори

Мицевска, денеска остро ги критикуваше градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, барајќи конкретни одговори за неисполнетите ветувања.

Обраќајќи се до жителите на Центар и до медиумите, Мицевска ги постави прашањата што, според неа, ги засегаат сите граѓани:

„Каде се паркинг-местата? Каде се новите зелени површини? Каде се новите училишта и подобрите услови за живот што им беа ветувани на граѓаните?“

Таа директно го праша Герасимовски што, по пет години на чело на општината, конкретно сработи:

„Господине Горан Бетон Герасимовски, по пет години на чело на Општина Центар, граѓаните заслужуваат конкретен одговор: колку нови училишта изградивте, колку нови паркинг-места обезбедивте и колку нови зелени површини уредивте?“

Мицевска потсети на неговите претходни изјави. Во интервју на 18 ноември 2025 година тој најавил двојно зголемување на зеленилото според бројот на високостеблести дрвја и вкупната покриеност со зелени површини.

На 22 септември 2025 година, претставувајќи го тимот од Комисијата за урбанизам, истакнал дека приоритет му се зеленилото, јавните простори и решавањето на проблемите со паркирањето.

Во изборната програма 2025–2029 ветил зелена трансформација со микропаркови во сите делови на општината, нови дрвја и зелени коридори.

„Денеска 19.10.2026 кога маските ви паднаа видовме дека не ви е до граѓаните туку до удобната фотелја во која се вдомивте. Времето ви истекува, а резултати освен политички пресови нема“, рече Мицевска.

Таа ги повика Герасимовски и Филипче да излезат од канцелариите и да ја видат реалната состојба во општината:

„Господине Герасимовски Бетон охрабрете се заедно со својот ментор Филипче и излезете од удобната канцеларија да ја разгледате општината која ја водите како тоне без идеи и проекти, да видите како живеат граѓаните зошто вашите лаги во изборите за подобар живот никој не ги гледа ниту чувствува.“

На крајот Мицевска нагласи дека станува збор за иднината на Центар:

„Сакаме Центар со функционални паркинзи, повеќе зеленило, современи училишта и достоинствени услови за живот. Центар заслужува резултати што граѓаните можат да ги видат и почувствуваат, а не ветувања што се повторуваат од избори до избори!“

Најнови вести од: Македонија

Се продолжува кризната состојба за нафтата и нафтените деривати за уште шест месеци

Собранието претходно во два наврати ја продолжи кризната состојба откако беше воведена по случувањата на Блискиот Исток, кои доведоа до блокада на снабдувањето на меѓународните пазари со нафта и нафтени деривати.

(Видео): Евростат потврди дека цената на храната и пијалаците се најниски во регионот, премиерот рече дека сме исправени пред низа предизвици

Според премиерот, Владата изминатиот период работела на консолидирање на инфлацијата и затоа денес државата, особено во третиот квартал, има убедливо најниска стапка на инфлација во регионот и, како што додаде, можеби и во Европа.

To top