Македонија

„Наместо обединување, раководството на СДСМ создава нови поделби“, вели Кичевски

Колку е жално да гледаш како мојата партија ја водат луѓе кои немаат осет за СДСМ

Поранешниот претседател на Градската организација на СДСМ, Васко Кичевски, преку објава на социјалните мрежи упати критики до актуелното раководство на партијата, оценувајќи дека со својот пристап ги оттурнува долгогодишните членови и создава дополнителни поделби во опозицијата.

„Колку е жално да гледаш како мојата партија ја водат луѓе кои немаат осет за СДСМ. Од група луѓе кои во суштина се СДСМ, луѓе кои не можат да бидат ништо друго освен СДСМ, вие правите противници. Со секој нов ден ги туркате сè поблиску кон создавање нова партија“, напиша Кичевски.

Дали „виси“ членството на Славјанка во СДСМ?

Според него, ваквиот однос најверојатно произлегува од страв за сопствените партиски позиции, но, како што наведува, со тоа дополнително се продлабочуваат поделбите во опозицискиот блок. Кичевски смета дека наместо јавни напади кон сопартијците, раководството требало да иницира разговор и обединување.

„Tребаше да се подаде рака и да се повикаат на разговор. Не преку некој од младината, туку директно од претседателот. Претседател кој секој ден држи по две до три прес-конференции требаше јавно да ги повика, да седне со нив и да ги праша зошто, ако се гради ваков фронт, тој не е дел од тој процес“, наведува тој.

Во објавата додава дека актуелното раководство, според него, остава впечаток дека е уплашено од новата политичка платформа.

„Наместо да бара обединување, создава нова поделба. А таа поделба само дополнително ќе го влоши резултатот на СДСМ на следните парламентарни избори“, порача Кичевски.

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

Македонија меѓу побезбедните држави во светот според „Мапата на опасности за 2027“ на „Глобал гардијан“ од САД

Македонија и останатите земји од Западен Балкан се наоѓаат во категориите со ниска до умерена безбедносна опасност, покажува Глобалната мапа на опасности за 2027 година, објавена од американската компанија за корпоративна безбедност „Глобал гардијан“.

To top