Македонија

Струмица обвиена во чад

Непријатна миризба на чад се чувствува во околината на Струмица од вчера попладне

 

Екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица и утрово повторно излегле на терен со цел локализирање и целосно гаснење на пожарот кој вчера избувна вчера на депонијата во селото Еднокуќево.

Во текот на вчерашниот ден тие интервенирале на двапати, во попладневните и во ноќните часови, а интервенциите продолжиле и денеска, кога пожарникарите-спасители уште во раните утрински часови повторно излегле на терен.

Според информациите од градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, во текот на денот се очекува да започнат активности за расчистување и потрупување на депонијата со соодветна механизација. Овие активности треба да помогнат во справувањето со пожарот и да го намалат ризикот од негово повторно разгорување.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова разговарала со претседателот на Азербејџан на тема проширување на соработката во енергетиката

Во моменти на енергетски шок предизвикан од геополитичките тензии на Блискиот Исток и нарушувањата во испораката на течен природен гас (ЛНГ) низ Ормутскиот Теснец

Николоски: Годинава обезбедени 243 милиони евра за автопатите

Изградбата на автопатите не е одговорност само на Јавното претпријатие за државни патишта, туку на целата држава, со оглед на тоа што станува збор за капитални инвестиции од стратешко значење, изјави министерот

To top