Македонија

На што се сведе СДСМ со Филипче

Тој посочи дека СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје

СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница. СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат и да го прикажуваат како успех резултатот дека се четврта партија на избори, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Тој посочи дека СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје.

-На последните анкети кои излегоа во јавноста, само Филипче е претседател на партија кој има драстично понизок рејтинг од самата партија. Дополнително, каде е Филипче да излезе во јавноста по историскиот успех што го направија во неделата? Каде се анкетите на Филипче кои велеше дека ќе ги обзнани во јавноста до крајот на минатата недела? Каде е Филипче, на јахта или на Харис Џиновиќ во Дубаи?, прашува Манасиевски.

Без разлика што Филипче направи вакви историски успеси во СДС, ВМРО-ДПМНЕ апсолутно му дава поддршка на Венко Филипче и му посакуваме и натаму да нижи вакви одлични резултати како на последните предвремени локални избори.

Најнови вести од: Македонија

Татарчев: Македонија не е само територија, или политичка цел, туку и должност и вечна идеја на македонскиот народ!

„За Татарчев, Македонија не е само територија или политичка цел. Таа е духовна категорија. Таа е светилиште на колективната меморија, поврзана со јазикот, родот, верата и моштите на предците. Со оваа формулација тој ја издигнува Македонија над дневната политика и ја поставува во сферата на историската и националната светост.“ – се нагласува во статијата со наслов „Македонија како култ, должност и вечна идеја“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Црни прогнози на ОН за Македонија: ќе има само 868 илјади жители до 2100, за 960 илјади помалку одошто во 2024!

Обединетите нации прогнозираат драматичен пад на бројноста на населението во земјите на поранешна Југославија – од 18,3 милиони изброени во во 2024 година, до само околу 10 милиони до 2100 година.

Ѓорѓиевски: Зборот е збор – започна целосната реконструкција на „Бутелска“ и „Радишанска“

Уште во првата година, ветувањата за Бутел ги претвораме во конкретни проекти на терен. Со работа, со посветеност и со одговорност кон секој даден збор. И тука не запираме

To top