Македонија

Не смее да се злоупотребува трагедијата во Кочани, одговорност мора да има

Во денешниот говор на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, порача да не се злопотребува трагедијата во Кочани и најави редовни состаноци со роднините на настраданите. – Сакам да предупредам дека многу нечовечки безобразно и некрофилски се злоупотребува огромната трагедија во Кочани. Тоа можев и да го […]

Во денешниот говор на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, порача да не се злопотребува трагедијата во Кочани и најави редовни состаноци со роднините на настраданите.

– Сакам да предупредам дека многу нечовечки безобразно и некрофилски се злоупотребува огромната трагедија во Кочани. Тоа можев и да го чујам од роднините на настраданите кои минатата недела ги видов во Владата. Со огромна почит кон тие луѓе и отворен разговор, споределувајќи ја заедничката болка заради трагедијата која се случи дискутиравме за повеќе аспекти и за она кое е во надлежност на владата и можности да се помогне во расчистување на случајот и да се помогне на семејствата во справување со тагата и предизвиците на животот во една ваква ситуација. Оваа трагедија не смее да се злоупотребува, и сите кои имаат своја вина која придонела да се случи ваква трагедија мора да одговараат, и системот мора да се менува и да има правда, и во тоа заеднички сме одлучни и ние сме подготвени заеднички да продолжиме да работиме и да комуницираме и да помагаме за се поврзано со нив. Нашата обврска и одговорност како Влада е токму тоа да бидеме рамо до рамо со нашите сограѓани кога тоа им е најмогу потребно. Тоа беше исклучително тешка средба за мене, разговарајќи со нив, душата ми плачеше, а стисокот на нивната рака ми е потпора и на мене во нашата заедничка борба за доброто на оваа наша заедничка татковина – рече Мицкоски.

Најави дека ќе има редовни состаноци со родителите на настраданите, како што рече, со сите кои сакаат да дојдат, а оние кои од оправдани причини не сакаат ќе појдам јас кај нив“.

– Периодов и јас и Владата стоиме на располагање се што е потребно да направиме и да не дозволиме оние политички глодари и некрофили да ја злоупотребуваат политички оваа трагедија. Сте сме Кочани и сите треба да направиме нешто за Кочани, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Целосно е реновирана Травматологија во старата градска болница, здравството ќе биде еден од врвните приоритети на Владата!

Целосно е реконструирано и пуштено во употреба одделението за травматологија во старата Градска болница, а во периодот кој следи ќе имаме уште многу вакви проекти, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на реконструираното одделение во Градска болница.

Вчера Македонија под удар на исклучително силни оркански ветрови: Во Штип со брзина до 134 километри на час!

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија врз основа на податоците од Националната мрежа на автоматски метеоролошки станици, вчера на 21 јули 2026 регистрираше исклучително силни удари на ветер, приближни до историските рекордни вредности.

Над 82.000 реакции за реформата на европските правила за тутунски производи

Повеќе од 82.000 одговори од 138 земји беа доставени во јавната консултација на Европската комисија за ревизија на Директивата за тутунски производи, што ја потврдува чувствителноста и значењето на ова прашање за граѓаните, експертите, бизнис-заедницата и организациите кои работат во областа на јавното здравје и регулативата

Оценка на Рокас дека Македонија покажува капацитет за реформи: На државата се гледа како на идна членка на ЕУ!

Амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија Михалис Рокас, денеска порача дека „ЕУ останува целосно посветена на европската перспектива на С.Македонија и нема никакво сомневање дека на државата се гледа како на идна членка на Унијата“.

Мицкоски: Потврда од Брисел дека сме први во спроведување на реформите, продолжуваме со несмалена динамика

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал состанок преку интернет со директорот на Директоратот за соседство и проширување на Европската комисија Герт Јан Копман: се разговарало за законите и реформските чекори, што треба да ги преземе Република Македонија до декември годинава во рамките на евроинтеграцискиот процес.

Најнови вести

To top