Македонија

Македонски уметници го освоија егејскиот остров Сирос – Музиката гради мостови меѓу народите (ГАЛЕРИЈА)

Громогласните аплаузи од публиката за македонските уметници, доказ дека музиката гради мостови меѓу народите

Доказ дека музиката гради мостови меѓу народите е учеството на голем број македонски уметници во програмата  на фестивалот “Festival of the Aegean”, на островот Сирос, Република Грција, кој се одржува јубилејно по 20-ти пат.

 

 

На фестивалот кој се одржал од 17 до 27 Јули со ,,Севилскиот берберин” од Џоакино Росини Македонија ја претставувал целокупен ансамбл, македонски уметници, оркестар, солисти и диригент предводени од Маестро Андреј Наунов?

Оркестарот бил мешан од македонски и грчки музичари, а пејачката екипа била интернационална: Васко Здравков во главната улога Фигаро, Наоми Флетман (Автралија) во улога на Розина, Виктор Кампос (Мексико) како Алмавива, Тихомир Јакимовски е Бартоло, Петар Најденов (Бугарија-Австрија) е Дон Базилио и Фотини Атанаски (Грција) е во улога на Берта и Карлос Рене Гарсиа (Порторико) како Фиорело.

Претставите се одржале на 19ти и 20ти Јули под диригентска палка на маестро Андреј Наунов, а како режисер се јавува Милица Ристова Костова.

На 21-ви Јули традиционално на фестивалот како едукативен дел за најмладата публика се оддржала и детската варијанта на “Севилскиот берберин” со пијано настап на Андреја Наунов) и наратор Мариос Казас.

На фестивалот имало и друга програма како симфонискиот концерт на 26-ти кој исто го диригирал маестро Наунов , како и две претстави “Електра” Р. Штраус под раководство на диригентот од Хонг Конг Алвин Хо.

 

 

Во деновите помеѓу претставите се случувале неколку камерни концерти на кои учествувале музичари од Македонија.

На 22-ри Јули настапил џез квартет Иван Бејков (бас), Стојанче Косовски (труба), Марио Кузев (перкусии) и Андреј Наунов (пијано), со американска класична и програма со џез стандарди, а како вокал настапил гостинот од Хаити Киит Икаја Пурди.

 

На 23-ти на програмата бил Гала Концерт на учесниците на Грчко Оперско Студио (интернационална екипа), а на пијано настапил Андреј Наунов.

 

На 24-ти настапи македонското трио “ОперАрти” со Тања Петрушевска (обоа), Марјан Милошевски (фагот) и Андреј Наунов (пијано) исполнувајќи популарни дела од оперската литература, аранжирани за трио.

 

Целата организација на фестивалот се случила под раководство на директорот на фестивалот Еилана Лапалаинен.

 

Галерија

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top