Македонија

Охридскиот суд: Нема докази за напад врз Пендиков

Претходно осудени на по осум месеци затвор, сега ослободени

Основниот суд во Охрид денеска ги ослободи од вина Борче Ангелов и Илија Спасески во случајот со наводниот физички напад врз Христијан Пендиков.

Според пресудата, нема докази дека е извршено кривичното дело што им се става на товар, ниту пак дека постоел етнички мотив.

Рочиштето завршило без изведување нови докази. Судот оценил дека не може да се утврди оти двајцата обвинети го сториле делото, како и дека етничката мотивација останува недокажана.

Претходно, во првостепената постапка, Ангелов и Спасески беа осудени на по осум месеци затвор за нанесување тешка телесна повреда. Апелациониот суд во Битола го врати предметот на повторно судење, а денешниот епилог беше ослободителна пресуда.

Адвокатот на Пендиков, Стефан Камишевски, изразил незадоволство од одлуката, оценувајќи дека судијата практично ја променил сопствената претходна пресуда.

„За нас е неспорно дека делото е извршено од етнички причини. Во текот на целата постапка не се појавија никакви други факти или докази што би укажувале на друг мотив“, изјавил Камишевски.

Тој посочил дека одбраната на Пендиков нема право на жалба во оваа фаза од постапката и дека понатамошниот тек зависи од Обвинителството, од кое се очекува да поднесе жалба до повисокиот суд.

Пендиков рекол дека се срами од пресудата. „Да имаш ослободителна пресуда покрај сите презентирани видеодокази е срамно. Со оваа одлука судот дава зелено светло секој што се самоопределува како Бугарин во Македонија слободно да биде тепан, без никој да сноси последици“, изјавил Пендиков.

Во судницата во Охрид присуствувале и пратеници од Бугарија, кои дошле да му дадат поддршка на Пендиков.

Нападот врз Пендиков во јануари 2023 година предизвика дипломатски реакции и дополнителни тензии во односите меѓу Скопје и Софија.

Пендиков е поранешен секретар на здружението „Цар Борис Трети“, кое беше избришано од Централниот регистар на Македонија.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): „Комшилук“ освои европска награда – Маалската „Травијата“ од Железара доби признание во Брисел

Приказната за Виолета и Алфредо, која летово се раскажуваше меѓу балконите на скопска Железара, стигна и до Брисел. Културната иницијатива „Комшилук“ ја освои наградата „Нов европски Баухаус“ (New European Bauhaus Prizes 2026), што ја доделува Европската комисија, за проектот „Травијата во три чина“.

Samsung продолжува да бележи рекордна продажба на серијата Galaxy Z8 во Европа, при што продажбата на Galaxy Z Fold8 и Fold8 Ultra е зголемена за речиси 50% на годишно ниво

Сообраќајот од пребарувања за уредите на Samsung со преклопен екран во Европа се зголеми за над 260%, при што во септември достигна скок од 460%

Димитриеска-Кочоска: Со вториот ребаланс ги усогласуваме проекциите со реалните економски движења

Вкупните приходи во вториот ребаланс се планирани на 374,2 милијарди денари, а дефицитот останува на ниво од 46,3 милијарди денари или 4,1 отсто од БДП. Проекциите за економскиот раст и за инфлацијата се задржуваат на 3,5 проценти, додека најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои се ревидираат од 34,1 на 30,4 милијарди денари.

(Фото): Неколку илјади посетители на прославата на третиот роденден на „Diamond Mall“ со Петар Грашо и Јелена Розга

Diamond Mall го одбележа својот трет роденден со голема прослава за посетителите, истовремено продолжувајќи ја својата определба да создава долгорочна вредност за заедницата.

To top