Македонија

Пак гужва на ГП „Богородица“

Утрово, патниците што се упатиле кон јужниот сосед чекале околу 40 минути за преминување на границата

 

Според информациите од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), на граничниот премин „Богородица“ за влез во Грција  се бележи зголемена фреквенција на возила, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги чекања за влез и излез од државата.

За влез во Грција на ГП „Богородица“ се чека околу 40 минути.

Зголемениот сообраќај кон Грција се совпаѓа со продолжениот викенд по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој е неработен ден.

За дел од граѓаните, трите слободни дена се можност за кратко патување надвор од Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Гаши: Само обединети и со почитување на разликите можеме да изградиме држава во која секој граѓанин се чувствува еднаков и безбеден

Овој значаен датум нè потсетува на издржливоста, храброста и напорите на генерациите пред нас во нивната потрага по слобода, достоинство и независна државност

Ѓорѓе Иванов: Како следбеници на нашите предци, треба да создадеме иднина за нашите потомци

Македонска револуционерна борба донесе многу жртви, непоколебливост и хероизам кој, ни е оставен во завет, нам, на сегашните македонски граѓани, како и на идните генерации

To top