Свет

Ким Јонг-ун пристигна во Кина преку новиот мост

Денешната посета ги демантира информациите дека севернокорејскиот лидер е тешко болен, а според некои медиуми – дури и починат

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пристигна во Кина преку новоизграден мост помеѓу двете соседни земји, изјави претставник на јужнокорејската влада.

Ким пристигна во Дандонг преминувајќи го новиот мост преку реката Јалу, кој ги поврзува Северна Кореја и Кина, изјави претставникот, кој сакаше да остане анонимен бидејќи нема овластување јавно да зборува за ова прашање.

Посетата на Кина ги демантира информациите дека севернокорејскиот лидер е тешко болен, а според некои медиуми – дури и починат. 

Ким Јонг Ун наводно хоспитализиран во Кина по мозочно крвавење

Кинескиот премиер Ли Ќанг се сретна со Ким во пограничниот град.

Посетата на Ким се одвива во пресрет на годишнината од влегувањето на Кина во Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година.

Се очекува Ким да се врати во Северна Кореја по посетата во саботата, објави јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“.

Јужнокорејски претставник, запознаен со посетата, изјави за „Ројтерс“ дека е малку веројатно Ким да отпатува за Пекинг пред состаноците на високо ниво на Комунистичката партија на Кина, кои започнуваат во понеделник.

Претходно овој месец, по долго одложување, Кина и Северна Кореја го отворија Новиот мост на реката Јалу.

Овој објект, долг три километри, претставува нивен најзначаен копнен граничен премин. Тој има за цел да ја оживее трговијата и економската размена по години на затегнати односи и прекини предизвикани од пандемијата.

Се очекува мостот да го олесни транспортот на тешка опрема, суровини и енергетски ресурси – добра што ѝ се потребни на Северна Кореја за нејзиниот развој. Ова отворање е најновиот знак за затоплување на односите меѓу Пекинг и Пјонгјанг, по двата самити меѓу лидерите на двете земји во текот на изминатите 13 месеци.

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

To top