Свет

Трамп не верува дека Кина и Русија го вооружуваат Иран

Добил уверувања од Си Џинпинг и Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти Кина или Русија го снабдуваат Иран со оружје, наведувајќи дека добил уверувања од лидерите на двете земји.

Во објава на социјалната мрежа „Трут социјал“, Трамп напиша дека кинескиот претседател Си Џинпинг, за време на нивната неодамнешна средба во Пекинг, му рекол дека Кина „под никакви околности“ нема да испорачува или продава оружје на Исламската Република Иран, ниту тоа ќе го прават кинеските компании.

„Со оглед на нашиот однос, му верувам на неговиот збор“, напиша Трамп, додавајќи дека прави „многу големи услуги“ за Кина.

Тој наведе дека и рускиот претседател Владимир Путин му порачал дека Москва нема да му продава оружје на Иран.

„Тој разбира дека јас не ѝ продавам оружје на Украина, туку на земјите членки на НАТО. Тие плаќаат полна цена, а каде понатаму ќе биде распоредено тоа оружје, не знам“, напиша Трамп.

Американскиот претседател оцени дека доколку Кина и Русија навистина учествуваат во снабдувањето на Иран со оружје, тоа би било спротивно на нивните интереси.

Неговите изјави доаѓаат неколку дена откако американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, на сослушување во Сенатот, изјави дека Кина и Русија „на различни нивоа“ овозможуваат дел од активностите на Иран за време на војната. Хегсет не изнесе дополнителни детали, наведувајќи дека природата и обемот на тие активности треба да останат доверливи.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top